• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо15:09 13 септември 2017 ● Прочитано 1266

Обновливите извори на енергија е едно од прашањата на кои Владата сериозно ќе се посвети во своите проекти, при што работата ќе биде насочена кон тоа како да се создадат повеќе такви извори користејќи го моделот на премиум,изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на завршниот настан за Проектот за инвестиции во чиста енергија во организација на УСАИД.

Овој модел значи дека нема да има фидинг тарифа. Оној што ќе изгради фотоволтаична електрана на слободниот пазар ќе конкурира за премиум, кој е всушност субвеција од буџетот. Таа ќе биде критериум за тендерот. Кој ќе бара најмала субвенција тој ќе има можност да ја изгради фотоволтаична електрана.

Анѓушев истакна дека еден од проектите, кој е планиран е изградба на околу 30 до 40 мегавати фотоволтаична електрана. Ќе се пронајде државно градежно земјиште, од неквалитетна категорија, ќе се урбанизира, ќе се направи инфрастуктурен проект.

Планирано е да се направат три или четри такви во државата и во секоја ќе има по пет, шест или седум мегавати во зависнот од просторот.

- До секоја локација ќе донесеме приклучок. Државата ќе го направи приклучокот, а тендерскиоит критериум ќе биде кој ќе бара помал премиум - рече тој.

Денешните трендови покажуваат дека денес инвестиција во опрема за еден магават во фотоволтаична електрана е на ниво за 40 отсто поевтино од пред седум години.

- Ако пред седум-осум години за еден мегават електрана биле потребни два милиони евра, денес тоа чини 600 илјади евра - појасни Анѓушев.

Според него обновливите извори на енергија се иднината на нашата држава, но и на целиот свет, оттаму и нивната важност.

- Тоа е особено важно за Македонија, бидејќи таа е сиромашна со енергетски ресурси, нема нафта, гас, има лимитирани количини јаглен и некаков хидропотенцијал, но и последната капка вода да биде искористена не е доволно за да се задоволат потребите на земјата - додаде тој.

За да се реши ова прашање потребен е компромис меѓу две крајни ситуации, од една страна да се создадат повеќе обновливи извори на енергија, а од друга страна тоа да не влијае врз цената на електричната енергија на крајните корисници. 

Во Македонија, согласно изработената студија за состојбите во оваа сфера постојат 68 мегавати инсталирана сила во мали електрани, некаде околу 18 мегавати инсталирана сила во фотоволтаици, кои се под фидинг тарифа и некаде околу четири или пет, кои се надвор од неа 36 мегавати ветерни електрани.

Анѓушев додаде дека европските и глобалните искуства покажуваат дека обновливите извори на енергија не можат да бидат конкурентни со другите извори на енергија и оти не треба да бидат ставени под управа на пазарните механизи.

Претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери изјави дека со проектот, кој траеше четири години се постигнало зголемување на инсталираната моќност на енергетските капацитети кои користат обновливи извори на енергија од 10 мегавати во 2012, на 115 мегавати во 2015 година, како и зголемување на производството на енергија од обновливи извори, од 18 гигават часови на 263 гигават часови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Владата ќе направи сè за „Фени“ да продолжи да работи ВИДЕО

Владата интензивно разговара и со сопственичката структура на „Фени“ и со менаџерскиот тим за да изнајде решение, рече вицепремиерот.

Извршители влегоа во „Фени“, вработените добија плата

„Фени“ преговара со доверителите за одложено, дисконтно плаќање на долговите за да се деблокира работата на компанијата.

Анѓушев: Странските компаниите во Владата ќе имаат најдобар партнер ВИДЕО

Инвестициските вложувања на компанијата во период од четири години би изнесувале до 3 милиони евра, а би се креирале до 150 нови работни места.

Нов македонски рецепт за ублажување на климатските промени

Се предвидува дека до 2035 година во државата може да отворат повеќе од 6.200 нови зелени работни места.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири зашто Владата обезбедува повеќе пари за граѓаните

Од партијата велат дека залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ги сокријат штетите од нивното 11 годишно расипничко владеење.

НАЈЧИТАНИ