• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
Плусинфо15:00 13 септември 2017 ● Прочитано 344

Министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на годишното Генералено собрание на Светската туристичка организација (UNWTO) што се одржува во градот Ченгду, учествуваше во гласањето за нов генерален секретар и новиот управувачки одбор на организацијата која управува со туризмот на глобално ниво.

На 22-то Генерално собрание на Светската туристичка организација, кое го отвори првиот човек на Ченгду Луончианг, присуствуваа 70 министри одговорни за туризам од целиот свет.  Луончианг даде јасна порака дека туризмот е една од најважните индустрии во светот и дека со толку големо учество на министри од целиот свет се покажа дека владите се свесни за вредноста на туризмот како многу важна индустрија во економиите на државите и на светската економија, воопшто.

Бектеши во рамките на Годишното собрание се состана со повеќе колеги од регионот и светот, со кои дискутираше за развојот на туризмот на глобално ниво, за новите трендови и за подобрувањето на туристичките услуги, притоа претставувајќи ја туристичката понуда на Македонија, можностите за соработка во поглед на зголемување на бројот на туристи, преку разните поволни понуди.

Светската туристичка организација (UNWTO) е агенција на Обединетите нации одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и инклузивен туризам.

Како главна меѓународна организација во областа на туризмот, таа го промовира туризмот како катализатор за економски раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина, обезбедува водство и поддршка на туристичкиот сектор во однос на унапредување на знаењата и туристичките политики ширум светот.

Главен собир на Светската туристичка организација е Генералното собрание, кое се состанува на секои две години, за усвојување на буџетот и работната програма, дебатира за витални теми за туристичкиот сектор, додека пак секои четири години избира нов генерален секретар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стајиќ: Со „Gulf Oil" во Македонија донесовме светски квалитет

„Супертрејд“ ги исполни сите стандарди кои беа потребни за увоз и продажба на „Gulf“ нафтата во нашата земја, вели Владимир Стајиќ.

Од среда банките и потенцијалните инвеститори ќе го посетат „Фени“

Односно бараат без одлагање да се обезбедат сите неопходни услови за непречен увид во имотот на Должникот на заинтересираните инвеститори.

Владата склучила или е пред склучување договори со 19 странски инвеститори

Ова го најави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.

НФФ: Најсиромашните земјоделци се најпогодени од новиот начин на пресметка на персоналецот

НФФ смета дека измените се направени многу брзо, без јавна, транспарентна расправа и без да се информираат и консултираат засегнатите страни.

Кумановските невработени бесплатно ќе се обучуваат за возачи

Мерката ќе ја спроведува Агенцијата за вработување, а е дел од оперативниот план на Владата.

НАЈЧИТАНИ