• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
Плусинфо14:30 13 септември 2017 ● Прочитано 701

Македонските граѓани кои ќе  возат во Босна и Херцеговина во иднина нема да вадат меѓународна дозвола. Македонија и Босна и Херцеговина ги признаа националните возачки дозволи, за што денеска е потпишан и договор меѓу двете земји.

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата, Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина го потпиша министерот за комуникации и транспорт Исмир Јуско.

- Надлежните органи на двете држави реципрочно ги признаваат возачките дозволи на возачите кои како туристи или комерцијални возачи управуваат со возило на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулирано престој согласно националното законодавство на двете држави можат, без да има потреба од полагање теоретски и практичен испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава. При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура која ќе им го овозможи ова право - изјави Спасовски по потпишувањето на договорот.

Договорот со Босна и Херцеговина е дел од проектот на Министерството за внатрешни работи за реципрочно признавање и замена на возачки дозволи, кој МВР го има започнато со голем број држави во светот.

Вакви билатерални договори веќе се потпишани со  Италија, Шпанија, Албанија, Црна Гора и Србија, при што на носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат во овие држави не им е потребна меѓународна возачка дозвола, а на оние кои го имаат регулирано нивниот престој, може да им се изврши замена на возачката дозвола.

- Во тек е процедурата за потпишување Договор за признавање и замена на возачки дозволи и со Република Косово, Република Турција, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Сојузна Република Германија, кои претставуваат приоритет на Министерството за внатрешни работи, со оглед на фактот дека голем број македонски државјани живеат и работат во тие држави - рече Спасовски.

Министерот за комуникации и транспорт на БиХ Исмир Јуско потенцира дека овој договор е потпишан меѓу две пријателски земји, кои и натаму ќе ја унапредуваат соработката.

-Босна и Херцеговина и Република Македонија имаат одлични односи, а со потпишувањето на овој договор тие односи дополнително се унапредуваат- рече министерот Јуско.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стајиќ: Со „Gulf Oil" во Македонија донесовме светски квалитет

„Супертрејд“ ги исполни сите стандарди кои беа потребни за увоз и продажба на „Gulf“ нафтата во нашата земја, вели Владимир Стајиќ.

Од среда банките и потенцијалните инвеститори ќе го посетат „Фени“

Односно бараат без одлагање да се обезбедат сите неопходни услови за непречен увид во имотот на Должникот на заинтересираните инвеститори.

Владата склучила или е пред склучување договори со 19 странски инвеститори

Ова го најави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.

НФФ: Најсиромашните земјоделци се најпогодени од новиот начин на пресметка на персоналецот

НФФ смета дека измените се направени многу брзо, без јавна, транспарентна расправа и без да се информираат и консултираат засегнатите страни.

Кумановските невработени бесплатно ќе се обучуваат за возачи

Мерката ќе ја спроведува Агенцијата за вработување, а е дел од оперативниот план на Владата.

НАЈЧИТАНИ