• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
Плусинфо13:39 13 септември 2017 ● Прочитано 785

Собранието на Република Македонија денеска го констатираше престанувањето на мандатот на Комисијата за верификација на факти, таканаречената Комисија за лустрација.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека Комисијата за верификација на фактите врз основа на член 5 став 3 од закон за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување на вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на држанвите безбедност, до Парламентот доставила информација за нејзината работа за периодот 15 јануари 2009 година до 31 август 2017 година и оти тоа информација до пратениците била доставена на 29 август.

Врз основа на таа информација, Собранието на Република Македонија на првата наредна седница без претрес констатира дека мандатот на Комисијата за верификација на фактите престанува. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

БПЦ ќе побара мислење од сестринските цркви за барањето на МПЦ

Синодот на Бугарската православна црква ќе се консултира со 14 православни цркви, пред да одлучи за признавање на МПЦ.

Села: Доставивме предлог за министер за здравство до Заев

Јас очекува тоа име наскоро да се најде на гласање пред пратениците во Собранието, изјави Села.

Премиерот Заев во официјална посета на Србија

Посетата е на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ, која се очекува да приреди свечена вечера за македонската делегација.

Заев - Мета: Македонија и Албанија се земји со слични предизвици

Се заложивме да не ги делиме граѓаните, сите да имаат исти права и исти обврски и сите делови од нашата држава да се развиваат еднакво, рече Заев.

Џафери - Хан: Приоритет се реформите од препораките на Прибе

Џафери изразил уверување дека како приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот реформи од Прибе.

НАЈЧИТАНИ