• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо13:34 13 септември 2017 ● Прочитано 544

Робот во човечки облик по име Ју Ми синоќа диригираше со филхармонискиот оркестар на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во театарот „Верди“ во Пиза, покажувајќи исклучителна мекост на движењата.

Тоа беше прво појавување на овој робот со две раце, дизајниран од швајцарската компанија АББ, по повод Првиот меѓународен фестивал на роботика во овој град во Тоскана.

Роботот диригираше со оркестарот при изведување 18 музички дела, вклучувајќи ја и познатата арија „Ла дона е мобиле“ од операта „Риголето“ на Верди, а кога ја подигна диригентската палка не покажуваше ниту најмал знак на нервоза.

- Ју Ми покажа високо ниво на флуидност во движењата, како и неверојатно изнијансирани изрази - изјави за весникот„Ил Фато квотидијано“, Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука“, кој синоќа настапи во Пиза.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почина најбогатата жена на светот

Наследничката на француската козметичка групација „Л’Ореал“ (L’Oreal), Лилијан Бетанкур синоќа почина на 94 години.

Јоко Оно бара отштета од производителот на пијалокот „Џон Лемон“

Компанијата сфатила дека не станува збор за шега и веднаш го смени името во „Он Лемон“.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер има нова партнерка

Шредер, 73-годишниот поранешен лидер на СДП зад себе има четири бракови, објави весникот „Билд“.

Се роди 20-тото дете во најголемото британско семејство

Родителите ветиле дека ова ќе биде нивното последно дете и не планираат дополнително проширување на семејството.

Музејот „Метрополитен“ е број 1 во свет

Најдобар музеј во Европа е музејот Орсеј во Париз, вицешампион е музејот Ермитаж во Санкт Петербург, а трет е Музејот на Акропол во Атина.

НАЈЧИТАНИ