• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
Плусинфо13:06 13 септември 2017 ● Прочитано 323

Романот „Во камен“ на германскиот писател Клеменс Маер, зад чиј превод стои името на Катерина Јосифоска, утре излегува од печат во издание на „Или-Или“. Ова е 152. издание во популарната едиција ПРОаЗА, корицата ја дизајнираше Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

„Во камен“ е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-те години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Маер мошне храбро гради експерименталнa приказна со речиси халуцинантни техники на тек на свеста, постојано менувајќи ја перспективата на нараторите и изневерувајќи го читателот. Раскажувањето тече во секвенци низ кои времето специфично се менува и настаните функционираат на ниво на слики, претстави и гласови, кои доминираат над ликовите и класичното раскажување. „Во камен“ е роман кој се нурнува во „хипер реалност“ полна со чудни гласови и ужасни настани, а која всушност е само една морничаво прецизна претстава на неолибералниот капитализам.

„Клеменс Маер напиша роман за ’ноќната’ страна на нашата сегашност, за сексуалните работнички, сводниците и нивните клиенти - но истовремено напиша и трогателно и силно книжевно дело за довербата и предавството, за копнежот и осаменоста“, напиша „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

„Оваа истовремено страшна и прекрасна книга за еден од најстарите занаети на светот предизвикува вртоглавица и ја разбива секоја илузија на читателот. Ретко кој писател од генерацијата на Маер умее на пишува вака храбро и на ваков начин“, напиша „Зидојче Цајтунг“.

Авторот Клеменс Маер е роден 1977 година во Хале. Автор е на бројни прозни текстови и сценарија, а пишува и драми и новинарски колумни. Добитник е на повеќе германски книжевни награди и стипендии, а за збирката раскази „Ноќ, светилки“ е награден на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година. Во 2006 година го објавува романот „Кога сонувавме“, а во 2010 година книгата со автобиографска проза „Сили“. За сценариото за филмот „Во ходниците“, кое се темели врз негов краток расказ, Маер заедно со Томас Стубер во 2015 година ја освојува Наградата на германските сценаристи. За својот роман „Во камен“ (2014) ја добива Книжевната награда на градот Бремен. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Десетдневен филмски маратон во Младинскиот културен центар

Проекциите ќе бидат од 9 наутро до 3 часот по полноќ или вкупно 240 часа филм.

Ставрески - режисер на „Исцелител“: Повеќе им се верува на исцелители отколку на лекари!

„Сакав да направам филм кој зборува за рушењето на рационалните вредности на кои треба да се базира едно општество, пред се здравството“.

Турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“ во Дом на АРМ

„Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи.

Недела на современ шпански филм во Кинотека на Македонија

Филмската ревија ќе биде отворена вечерва со филмот „Среќни 140“ во режија на Грасија Керехета.

Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето” во МКЦ

Фестивалот ќе биде затворен на 22 ноември со претставата „Малиот Принц“ во изведба на Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје.

НАЈЧИТАНИ