• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 126
Рада И. Маневска12:32 13 септември 2017 ● Прочитано 2691

Во изминатите 10 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ (2007 -2017), државата потрошила вкупно 225 милиони евра за субвенционирање на 25-те странски директни инвеститори кои вработиле вкупно 20.000 лица. Ова го покажува анализата на актуелната Влада по декласификацијата на тајните договори направени со странските инвестиори, која беше презентирана денеска.

- Според овие бројки, за секое од овие 20.000 вработени во странските компании, Македонија од Буџетот одвојувала по 11.250 евра - констатира на прес-конференцијата портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Анализата на вработувањата, пак, покажува дека поголемиот дел од лицата не се првовработени за да се намали невработеноста, туку биле преземани како искусни работници од домашните компании. За нивната обука странските компании добивале пари од државата, но затоа пак работниците добивале плати под или на ниво на државниот просек.

Третманот на странските инвестиори, како што рече Бошњаковски, не бил еднаков. Дел од нив добивале субвенции по 1.000 евра по вработен, а дел по 11.000 евра. Инвеститорите добивале и пари и за обуки, но и во тој однос сумите не биле еднакви. Едни добивале по 100 евра, а други по 3.000 евра по работник.

Претходната Влада немала изготвено критериуми, ниту пак водич за привлекување, преговарање и договарање на условите за инвестирање во земјава. Субвенцииите биле давани во кеш како неповратен грант и во вид на даночни и царински ослободувања.

- Сакаме да појасниме дека не постоел документ или водич со јасни критериуми за преговарање, или барем ние не го најдовме. Критериуми не постоеле. Преговарале министри, советници, економски промотори… без никакви критериуми - рече портпаролот на Владата.

Тој додаде дека било практика во работењето на претходната Влада, по завршувањето на преговорите и потпишувањето на договорите да ги класифицира документите и на тој начин ја обезбедувала тајноста на податоците.

Бошњаковски појасни дека во вкупната сума потрошена за привлекување странски инвеститори (225 милиони евра) покрај износот на добиеното во кеш и како даночно и царинско ослободување се влезени и парите кои Владата ги трошела за промоции за привлекување на инвеститорите за кои дополнително ќе се информира.

Поединечно, претходната влада потрошила 25,7 милиони евра во кеш во неповратни грантови, а вредноста на даночните и царинските олеснувања е 69,5 милиони евра.

- Овие пари можеле, но не влегле во буџетот на Република Македонија - рече владиниот портпарол.

Владата потрошила дури 130,4 милиони евра за промоција и привлекување на инвеститорите.

Парите за субвенционирање на странските инвестиори оделе преку Агенцијата за странски инвестиции која доделила 107, 6 милиони евра од овие пари, над 70 милиони евра се доделени преку Дирекцијата за технолошко-индустриските и развојни зони и над 48 милиони евра ги доделила директно Владата.

Бошњаковски посочи дека владината анализа покажала дека странските компании скоро и да не соработувале со домашните компании бидејќи само 1 отсто од набавките ги вршеле од домашни добавувачи.

- Вкупно 14 милиони евра се потрошени како помош на инвеститорите за креирање работни места, 5 милиони евра за обуки, 10 милиони за градежни работи - рече Бошњаковски.

Иако повеќето од договорите, како што напомена владиниот портпарол, биле штетни за државата, сегашната Влада во целост ќе ги почитува за да го задржи имиџот на државата, но и да не плаќа високи суми по пресуди од меѓународни судови.

- Сите овие договори се важечки и Владата ќе ги исполни договорените обврски со сите компании - рече Бошњаковски.

Тој додаде дека бидејќи анализата е обемна, податоците на јавноста ќе и бидат презентирани во неколку наврати. Сите добиени податоци од обемната анализа ќе бидат доставени и до правосудни органи.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: „Фени“ нема завршна сметка за две години

Вицепремиерот најави дека низа фирми кои сакаат да го реструктуираат „Фени“, а притоа сите долгови да ги подмири.

Анѓушев: Не чувствувам морална одговорност, туку сум горд за направеното

Вицепремиерот одговараше на пратенички прашања упатени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Сомнителни трансакции причина земјава да стане високоризична за Грција

Само две меѓународни организации прават „црни листи на земји даночни раеви“.

Повратот на ДДВ кај граѓаните е можен од 2019 година, во просек ќе се враќаат до 500 евра

Ако граѓаните се мотивирани од повратот на ДДВ ќе си бараат фискална сметка, ќе мора да ја добијат, а преку тоа ќе биде анулирана даночната евазија.

ММФ ни го скрои со дизелот и со даноците

Консолидацијата треба да почне без одложување, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци.

НАЈЧИТАНИ