• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 125
МИА11:34 13 септември 2017 ● Прочитано 262

Европската унија мора да продолжи да нуди веродостојни перспективи за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во својот годишен говор пред Европарламентот „За состојбата на Унијата“.

- Ако сакаме поголема стабилност во нашето соседство, мора да понудиме веродостојни перспективи за проширување кон Западен Балкан. Нема да има нови земји членки за време на мандатот на оваа Комисија и овој Парламент, бидејќи критериумите за членство се уште не се исполнети, нагласи Јункер.

Сепак, како што јави дописникот на МИА од Стразбур, тој порача дека во наредните години Европската унија сепак ќе има повеќе од 27 членки.

- Сите земји кандидати мора да дадат апсолутен приоритет на почитувањето на владеењето на правото, правдата и основните права, порача претседателот на Еврокомисијата.

Токму не почитувањето на овие вредност, според него, го исклучува приемот на Турција во ЕУ во блиска иднина.

- Од пред некое време, Турција се оддалечи од Европската унија. Местото на новинарите е во редакциите, таму каде што преовладува слободата на изразување. Нивното место не е во затворите, рече Јункер.

Тој ја повика Атина да престане да ги навредува земјите членки на ЕУ и европските шефови на држави или влади, нарекувајќи ги фашисти или нацисти.

- Европа е континент на зрели демократии. Тој што навредува го затвора патот кон нашата Унија. Понекогаш чувствувам дека Турција се обидува да го затвори овој пат, а потоа да прикаже дека Европската унија е одговорна за неуспехот на преговорите за членство, нагласи Јункер.

Тој порача дека ЕУ секогаш ќе ја пружа подадената рака кон „големиот турски народ“ и сите оние кои се подготвени да соработуваат со неа врз основа на европските вредности. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВО ЖИВО Евакуација на метро станица во Лондон

Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот.

Почна петицијата на бугарските интелектуалци за поддршка на барањето на МПЦ до БПЦ

Со петицијата се повикува Бугарската патријаршија да го прифати барањето и да и стане мајка-црква на МПЦ.

Убиени 15 екстремисти кои учествувале во нападот врз џамијата во Египет

Во операцијата против напаѓачите се користени и беспилотни летала, а акцијата за нивно ликвидирање продолжува.

Најмалку 235 загинати при напад врз џамија во Египет

Во нападот се повредени најмалку 109 лица.

Лавров: Ќе има еден милион жртви уште првиот ден при војна со Северна Кореја

Шефот на руската дипломатија потенцира дека Русија е загрижена поради тоа што Јапонија станува база за воено јакнење на САД во Азија.

НАЈЧИТАНИ