• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо10:38 13 септември 2017 ● Прочитано 4803

Во Дубровник со својата ултра луксузна јахта пристигнал Роман Абрамович кој морал да ја наполни со гориво, а тоа е значителен процес – 25 цистерни цели 27 часа ја полнеле јахтата со еуродизел. Дубровник e место каде редовно застанува „Еклипс“.

Јахтата на милијардерот и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, пристигнала по гориво во добровничкото пристаниште Груж, а за потребите за пловење во Хрватска биле нарачани 800.000 литри гориво.

Според информацијата од „Дубровнички весник“, рускиот тајкун таа количина на гориво ќе го чини милион евра.

Мега-јахтата на Абрамович е долга 163 метри и вреди 340 милиони евра. Милијардерот ја нарачал од Германија и ја купил за Нова година во 2010-та.

Три години „Еклипс“ беше најголемa јахта во светот, но во 2013 година од „тронот“ ја симна јахтата „Азам“, која му припаѓа на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, a која е долга 180 метри.

Од карактеристиките на јахтата „Еклипс“ вреди да се истакне дека тежи 13.000 тона, има ширина од 21 метар, а цената за годишно одржување изнесува околу 30 милиони евра.

Во јахтата може да се сместат 62 лица како гости и 70 членови на екипажот. Ова пловило располага со базени, сауни, кино сала, фризерски центар, градина, ресторан, клуб и простор за медицински интервенции.

Од „дополнителна“ опрема има два хеликоптера, мини подморница, ракетни радари, пловила за спасување и многу други безбедносни системи. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почина најбогатата жена на светот

Наследничката на француската козметичка групација „Л’Ореал“ (L’Oreal), Лилијан Бетанкур синоќа почина на 94 години.

Јоко Оно бара отштета од производителот на пијалокот „Џон Лемон“

Компанијата сфатила дека не станува збор за шега и веднаш го смени името во „Он Лемон“.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер има нова партнерка

Шредер, 73-годишниот поранешен лидер на СДП зад себе има четири бракови, објави весникот „Билд“.

Се роди 20-тото дете во најголемото британско семејство

Родителите ветиле дека ова ќе биде нивното последно дете и не планираат дополнително проширување на семејството.

Музејот „Метрополитен“ е број 1 во свет

Најдобар музеј во Европа е музејот Орсеј во Париз, вицешампион е музејот Ермитаж во Санкт Петербург, а трет е Музејот на Акропол во Атина.

НАЈЧИТАНИ