• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 39
Плусинфо10:26 13 септември 2017 ● Прочитано 6689

Почитувани граѓани на Општина Центар, драги соборци и пријатели,

Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка која ни претстои.

Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата која тој ја предводи. Со него имам одлична соработка и голема меѓусебна доверба и почитување. Токму затоа и решив да ја прифатам неговата понуда и заедно да продолжиме во нови победи.

Сакам да Ве уверам дека останувам посветен на Општина Центар и соработката со Вас.

Дозволете од се' срце да Ви се заблагодарам за несебичната поддршка што ми ја дававте изминатите четири години како градоначалник на Центар. Ова беа истовремено најтешките, но и најубавите четири години од мојот живот, во кои искусив и научив многу. Во исклучително бурни времиња, успеавме да направиме многу за општината, но и за соборувањето на режимот на Никола Груевски. Покрај сите притисоци, напади и опструкции, ги разобличивме сите злоупотреби на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, но и реализираме 230 проекти од интерес на граѓаните. Иако тие проекти се реализирани исклучиво од сопствениот буџет, односно со 0 денари поддршка од централната власт, во еден мандат направиме повеќе од тоа што во претходни мандати го направија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Јас и мојот тим на ова сме особено горди и знаеме дека сето ова немаше да биде возможно без огромнта поддршка која ја имавме од сите вас.
Искрено ваш, 

Андреј Жерновски

(Фејсбук статус на Андреј Жерновски)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Та Неа“: Договорите меѓу Скопје и Софија се порака до соседите

„Та Неа“ го цитира македонскиот премиер, дека со договорите политичките раководства на двете земји испратиле силна порака кон регионот и целиот свет.

„Катимерини“: Не е само да се најде решение за името, треба подготвеност да се користи

„Средбата меѓу претставници на Македонија и Грција со Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември, езнак за континуитетот на позитивната клима“.

Докиќ: Не тврдам дека се зголемува бројот на болни поради аерозагадувањето

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија вели дека загадениот воздух е опасен не само за хронично болните, туку и за здравите.

Колку ќе се потроши за ентериер на Градска куќа, толку и за борба против отровниот воздух!

Коалицијата О2 реагира дека досега најмал е буџетот за заштита на животната средина.

Се чека првата пресуда за „Шамарите во Центар“

Судот ќе ја соопшти пресудата за советникот во Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, кој на минатото рочиште ја призна вината.

НАЈЧИТАНИ