• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо09:45 13 септември 2017 ● Прочитано 726

Првиот „Вики-камп“ во организација на Споделено знаење - Викимедија Македонија, огранокот на светската Викимедија фондација во Македонија, се одржа за време на продолжениот викенд по повод Денот на независноста на Македонија од 8 до 10 септември во преспанското село Брајчино. 

Во кампот учествуваа 15 млади луѓе од повеќе градови во Македонија, кои преку меѓусебно запознавање и дружење имаа можност да се запознаат и да бидат обучени за уредување на статии на Википедија на македонски јазик, прикачување и лиценцирано подигнување на слики на Заедничката ризница (Commons Wikimedia), како и начинот на спроведување на експедициските теренски истражувања од областа на географијата, природата, земјоделството, културното наследство, архитектурата и археологијата при што биле остварени посети на преспанските села Брајчино и Љубојно и нивната околина каде биле направени 160 фотографии, кои се достапни за слободна употреба.

Имајќи ја предвид успешноста на овој одржан камп и полезноста од употребата на Википедија во секојдневото живеење, „Споделено знаење - Викимедија Македонија“ за идната година планира одржување на два Вики-кампови во текот на пролетта и есента во различни делови на Македонија и работилници и предавања во повеќе градови на државата.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Папагалот Историко“ - премиера на Драмскиот театар

Претставата е во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“.

Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек делата на француската кинематографија.

Македонска премиера на „Жаба“ на Браќа Манаки

Премиерата на филмот„Жаба“ е закажана за 25ти септември во 19.30 часот во Големата сала на Центарот за култура Битола.

„Коскени часовници“ на Дејвид Мичел излегува на македонски јазик

Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ книгата в петок и в сабота ќе се продава по промотивна цена.

Премиера На „Кингсмен - златниот круг“

о новото продолжение јунаците се соочуваат со новите предизвици.

НАЈЧИТАНИ