• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо09:27 13 септември 2017 ● Прочитано 362

Од 20 септември Друштвото на писателите на Македонија го започнува проектот „Денови на македонските издавачи“ посветен на најновата книжевна продукција и доближување на книгата до читателите.

Отворениот проект на ДПМ ќе овозможи до крајот на годината издавачите, преку промоции, дебати и портрети, да ги претстават делата и авторите опфатени во нивните програми. Акцентот е ставен на книгите објавени во Македонија во тековната година, при што ќе бидат претставени писатели од сите генерации. Љубителите на литературата ќе имаат можност да присуствуваат и на презентација на дела од наши автори објавувани на други јазици.

Друштвото на писателите на Македонија во рамките на оваа манифестација ќе одржи дебата посветена на состојбата на книгата, статусот на авторот, заштитата на авторскиот труд, како и за актуелните проблеми во издавачката дејност, книжарството и библиотеките. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Папагалот Историко“ - премиера на Драмскиот театар

Претставата е во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“.

Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек делата на француската кинематографија.

Македонска премиера на „Жаба“ на Браќа Манаки

Премиерата на филмот„Жаба“ е закажана за 25ти септември во 19.30 часот во Големата сала на Центарот за култура Битола.

„Коскени часовници“ на Дејвид Мичел излегува на македонски јазик

Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ книгата в петок и в сабота ќе се продава по промотивна цена.

Премиера На „Кингсмен - златниот круг“

о новото продолжение јунаците се соочуваат со новите предизвици.

НАЈЧИТАНИ