• 19 септември 2017
  • Вести денес: 108
Плусинфо18:17 12 септември 2017 ● Прочитано 1481

Македонскиот дизајнер Славче Таневски со нов, досега втор Mercedes-Benz автомобил целосно дизајниран од негова страна,именуван како Concept EQA.

Овој модел денеска имаше светска премиера на саемот во Франкфурт, за што македонскиот дизајнер Славче Таневски излезе со детали за сопствената креација.



„Многу е возбудливо и предизвикувачки кога се наоѓате пред голема промена. Токму таква промена се случува во автоиндустријата. Начинот на користење на возилата, car sharing, автономно возење, електро погон...Предизвици кои бараат нова концептуална интерпретација на автомобилот, како и формална, естетска трансформација.Дали автомобилот се уште треба да биде скулптура која буди емоции и привлекува или е само обичен секојдневен предмет на користење? Овие прашања ми беа поставени точно пред 9 месеци. Одговорот го дадов во форма на Concept EQA. Почнав буквално од празен лист хартија. Тоа не се случува често. Сонот да го пренесете на хартија и тој да биде реализиран без никакви компромиси. Електровозилото на иднината е секси. Има привлечна и моќна појава на патот. Стои самоуверено и стабилно на 20 инчни тркала. Формата е излиена од мазно скулптуриран (seamless) волумен, како кај летечка чинија“,вели Таневски.

Тој објаснува дека формалните елементи се редуцирани. Маската и фаровите се слеани во една единица (black panel), со дополнителна димензија-дигитализирани. Истото се случува и со капакот на моторот, ветробранското стакло, задното стакло и задните светла, поврзани меѓу себе со цел гаџет- модерен high tech изглед. Сето тоа спакувано во компактна и спортска силуета.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Генијален трик: Кога им се обраќаат на децата, Кејт и Вилијам секогаш клекнуваат!

Психологот Карл Роџерс ваквата комуникација со децата во 1957 година ја нарекол „активно слушање“.

Што и да правите, не ги правете овие три работи со вашиот тинејџер

Кога станува збор за подигање на тинејџер, со сигурност може да се каже дека ништо не е лесно - всушност, ова може да биде едноставно фрустрирачко

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Двајцата починале во сон, Џорџ во раните утрински часови, додека Џин попладнето.

Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева

Како што наведува Би-Би-Си, илјадниците франци се наводно потрошени на водоинсталациски поправки.

Почина човекот кој го спаси светот

Петровво 1983 година го спаси светот, кога се откажа од притиснувањето на црвеното копче, што целиот свет ќе го втурнел во трета светска војна.

НАЈЧИТАНИ