• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо16:06 12 септември 2017 ● Прочитано 696

Министерството за транспорт и врски реагира на изјавите на поранешни функционери во врска со наводното стопирање на проектите во општина Ѓорче Петров.

„Сакаме да појасниме дека проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски во општина Ѓорче Петров не се стопирани.

Во однос на проектот „Доизградба на канализациона мрежа во Ѓорче Петров“ сакаме да информираме дека доставено е барање за склучување на анекс кон договор за непредвидени работи. Поради закажаните локални избори, согласно законските прописи во Република Македонија, доставено е барање за мислење до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Врз основа на мислењето од Државната Комисија за спречување на корупцијата и Министерството за транспорт и врски ќе постапи согласно тоа.

Во однос на проектот „Изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Ѓорче Петров“, сакаме да информираме дека со ребалансот на Буџет на РМ обезбедени се средства во рамките на склучениот договор и проектот се реализира согласно договорот“, се вели во реакцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Граѓаните маршираат за чист воздух во Скопје

Граѓаните маршираа од пред зградата на Владата од каде се упатија кон населбата Карпош, за да се приклучат на учесниците во тамошниот протест.

Без вода утре дел од општина Кисела Вода

Прекинот на водоснабдувањето е заради дефект на водоводна цевка со пречник 200 мм на улицата Христо Татарчев бр. 60.

Големо велосипедско дефиле утре ќе се вози по градските улици

Традиционалното дефиле ќе стартува во 10 часот од Порта Македонија.

Две нови паркиралишта за велосипеди

На две локации се поставени по пет паркиралишта за велосипеди.

Без вода дел од Дебар Маало

Прекинот е поради дефект на противпожарен хидрант со пречник од 80 милиметри, а ќе трае до негово санирање.

НАЈЧИТАНИ