• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо14:25 12 септември 2017 ● Прочитано 903

Островот Барбуда претрпе огромна штета од ураганот Ирма – 90 отсто од градбите и возилата се уништени, 1.600 жители останаа без дом, а едно лице загина. Роберт де Ниро сака да го врати островот во првобитна состојба.

Актерот, кој поседува ресорт на Барбуда, сака со свои пари да го реконструира островот, кој се наоѓа околу 400 километри источно од Порторико.

– Тажни сме заради информацијата дека островот е уништен. Се радувам што ќе соработувам со тим од ресортот и луѓето од владата за успешно да го изградиме она што природата го зема од нас – објавил Де Ниро во соопштение за јавноста.

Роберт и милионерот Џејмс Паркер лани го купиле ресортот, но се уште не почнале да градат заради проблеми со жителите на островот кои имаат документи за сопственост за одредени делови од земјиштето. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Каролина утре ќе се мажи!

Избраникот на Каролина, Михаил Корубин, е ликовен уметник.

Том Круз обвинет за смртта на двајца пилоти на сет

Во тужбата било наведено дека тие двајца сакале да се снимаат многу опасни сцени во воздух, со голема брзина.

Ема Стоун се бори со анксиозност од 7 години

Актерката гостувајќи во телевизиско шоу откри дека уште од седум години оди на терапии против споменатата психичка состојба.

Рајан Филип ја претепал поранешната девојка

Сега актерот се најде во центар на скандалот, бидејќи неговата поранешна девојка Елси Хјиут го обвинила дека ја претепал.

Аврил Лавињ е најопасната личност на интернет!

Фирмата што се занимава со безбедност на интернет „Мекфи“, објавила листа на имиња на познати лица што се поврзуваат со најмногу вируси на интернет.

НАЈЧИТАНИ