• 19 септември 2017
  • Вести денес: 108
Плусинфо14:19 12 септември 2017 ● Прочитано 578

Поранешниот американски маринец Јоко Вилинк даде интересен предлог за решение на кризата со Северна Кореја.

Идејата не вклучува никаква посебна стратегија, специјални операции или напади, но експерти сметаат дека таа би била извонредно ефективна.

Имено, ветеранот предлага - наместо бомби, САД да фрлаат Ајфон телефони во Северна Кореја

- Фрлете 25 милиони Ајфони и преку сателит овозможете бесплатен Ви-Фи, напиша тој на Твитер.

И додека предлогот засега е далеку од каква било реализација, експертот од Стимсон центрот, Јун Сун, кој по потекло е од Северна Кореја, вели дека тоа навистина би успеало.

- Ким Џонг-ун сфаќа дека штом (севернокорејското) општество се отвори и народот во Северна Кореја разбере што му недостасува, Кимовиот режим нема да биде одржлив, образложи Сун.

Тој натаму потсетува дека кога Јужна Кореја со балони пушташе летоци и ДВД дискови кај својот северен сосед, властите во Пјонгјанг одговараа со воена готовност. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Генијален трик: Кога им се обраќаат на децата, Кејт и Вилијам секогаш клекнуваат!

Психологот Карл Роџерс ваквата комуникација со децата во 1957 година ја нарекол „активно слушање“.

Што и да правите, не ги правете овие три работи со вашиот тинејџер

Кога станува збор за подигање на тинејџер, со сигурност може да се каже дека ништо не е лесно - всушност, ова може да биде едноставно фрустрирачко

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Двајцата починале во сон, Џорџ во раните утрински часови, додека Џин попладнето.

Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева

Како што наведува Би-Би-Си, илјадниците франци се наводно потрошени на водоинсталациски поправки.

Почина човекот кој го спаси светот

Петровво 1983 година го спаси светот, кога се откажа од притиснувањето на црвеното копче, што целиот свет ќе го втурнел во трета светска војна.

НАЈЧИТАНИ