• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо14:07 12 септември 2017 ● Прочитано 401

Издавачката куќа „Бегемот“ го издаде едно од најважните репортерско-новинарски дела на култниот полски репортер Ришард Капушќињски - „Уште еден ден живот“. Делото ја опишува катастрофалната граѓанска војна во Ангола, која траела речиси триесет години, за која од местото на настанот како сведок известува Ришард Капушќињски.

Делото е во превод на Лидија Танушевска.

Каков живот, при крајот на XX век треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони. Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција.

Уште еден ден живот е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Папагалот Историко“ - премиера на Драмскиот театар

Претставата е во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“.

Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек делата на француската кинематографија.

Македонска премиера на „Жаба“ на Браќа Манаки

Премиерата на филмот„Жаба“ е закажана за 25ти септември во 19.30 часот во Големата сала на Центарот за култура Битола.

„Коскени часовници“ на Дејвид Мичел излегува на македонски јазик

Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ книгата в петок и в сабота ќе се продава по промотивна цена.

Премиера На „Кингсмен - златниот круг“

о новото продолжение јунаците се соочуваат со новите предизвици.

НАЈЧИТАНИ