• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
Плусинфо13:41 12 септември 2017 ● Прочитано 1020

100 илјади поети за промена седма година по ред ги распишува двата официјални конкурса од кои едниот за поезија, а другиот за изработка на постер/ плакат кој ќе биде застапен на групна изложба.

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 23 септември 2017 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 илјади поети за промена“.

Конкурсот за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, треба да одговори на теми насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… 

Дизанерските решенија може да се испраќаат на истиот мејл ([email protected]) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 23 септември 2017 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.
Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 30 септември 2017 година во Струмица.

Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, односно со најавени повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот за оваа година, а во Македонија уште од самиот почеток поддржан од Општина Струмица.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вработениот во кабинетот на Валмир Азири нема да добие 11.000 евра, проектот е повлечен

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски тврди дека по реакциите на јавноста самите учесници на конкурсот ги повлекле своите проекти...

„Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ преведен на македонски

Романот „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година и наградата Златен сончоглед за 2004 година.

3Д веб - сцена за „Аферата Мис Стон“ во Музејот на македонската борба

Алатката, која може да се користи како ИКТ метод во наставниот процес, ќе биде промовирана пред наставници од основните и средните училишта од Скопје.

Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ на Баланшин во Балетот во Сан Антонио

Изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

НАЈЧИТАНИ