• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:23 12 септември 2017 ● Прочитано 690

Петнаесетта година по ред Амбасадата на Соединетите Американски Држави го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање. И годинава амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје, преку добротворни акции организира настан како почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичкиот напад во Њујорк на 11.9.2001 година.

На настанот за хуманоста говореа амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и секретарот на Црвениот крст.

Целта на настанот е да се зближат луѓето од сите заедници без разлика на политички и религиозни убедувања. Присуствуваа и личности од политичкиот и јавен живот на Република Македонија, амбасадори и сите оние кои имаа една заедничка цел да се помогне, да се дополнат резервите на Црвен крст и да се обезбеди храна за загрозените семејства. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зимска служба ги чисти улиците на Водно

Жителите на општина Центар можат да се јават на телефон 076 313 381 за да пријават доколку има проблем со снегот, информираат од општината.

Скопскиот аквадукт ќе биде реставриран ВИДЕО

Во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства, рече Заев.

Општина Центар казни шест кафулиња поради гласна музика

Инспекторите синоќа по пријави на граѓани за бучава од гласна музика спровеле инспекциски надзор во угостителските објекти.

Дел од Аеродром утре без струја

Дел од корисниците лоцирани на улицата Горноврановска во општина Аеродром, утре од 8:30 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.

Втор ден и прогласување на победниците на натпреварот во уметничко лизгање

Церемонијата на прогласување на победниците во сите категории ќе се одржи во 12:30 часот на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

НАЈЧИТАНИ