• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 40
Плусинфо12:22 12 септември 2017 ● Прочитано 1059

Спектакуларно најавуваниот проект на општинските власти на Гази Баба за изградба на град во град на едно од најатрактивните земјишта во Скопје, во рамките на Скопски саем заврши како тотален дебакл, констатира денеска на прес-конференција одржана пред една од ископаните дупки кои требаа да прераснат во објект, Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба .

- Оваа огромна дупка ископана пред десет години, сведочи за неспособноста и криминалот на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и неговите шефови Никола Груевски и Коце Трајановски. Благодарение на овие тројца проектот „Град во град“ заврши како проект најголема дупка во градот.Продолжената рака на Никола Груевски, Тони Трајковски скоро една деценија работеше спротивно на интересите на граѓаните и општината, а овој пропаднат проект е само мал доказ за неговата неспособност и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.- рече Георгиевски

Тој изјави и дека на Гази Баба и е потребна нова локална власт.

- Новата услужна,отчетна и одговорна локална власт предводена од СДСМ, ќе создаде реални услови на ова место да се изгради комерцијален, финансиски и бизнис- центар што воедно ќе претставува градежна и архитектонска атракција.СДСМ на централно ниво покажа дека ЗБОРОТ Е ЗБОР. Тоа ќе се докаже и на локално ниво кога локалните власти ќе ги отворат институциите, ќе ја унапредуваат инфраструктурата и економскиот развој и ќе работат на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани реќе Георгиевски.

Најави дека по промената на локалните избори, Општина Гази Баба повотрно ќе стане модерна, развојна и уредена општина, каква што и беше во минатото.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Од утре на Водно само со автобус

Забраната ќе важи за време на викенди, сабота и недела, и за време на државните празници.

Воздухот во Скопје вчера бил загаден 22 часа

Загадувањето најголемо било во Лисиче од 21 часот синоќа до полноќ кога концентрациите во континуитет биле над 400 микрограми.

Шилегов ќе ги дислоцира галиите од Вардар

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката, тврди Шилегов.

Пристигнати 324 барања за субвенционирање печки на пелети

Пријавувањето на јавниот повик почна на 15 ноември, траеше седум календарски дена, a се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Од денеска до сабота затворена улицата Втора македонска бригада

Aвтобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата Босна и Херцеговина, во двата правцa.

НАЈЧИТАНИ