• 24 септември 2017
  • Вести денес: 40
Плусинфо11:14 12 септември 2017 ● Прочитано 1305

Прекрасниот планински предел кај Крстот над селото Подмочани денеска им е инспирација за творење и создавање на уметнички дела на учесниците на третата по ред ликовна работилница во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.

- Оваа работилница, за нас како организатори има особено значење од повеќе аспекти. Тука ги промовираме и мотивираме да творат пред се локалните уметници, чии дела по завршувањето на работилницата ќе бидат претставени пред јавноста. Другиот значаен момент е што токму со овие дела, поточно со изложбата која ќе се состои од тоа што ќе биде овде создадено, ќе биде отворен годинешниот Преспански јаболкобер. За важноста на оваа манифестација за целата Преспа не треба да се говори и токму затоа мотивот на учесниците да создадат и творат за својата Преспа е уште поголем -изјави на отворањето директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, Васко Василевски.

На работилницата учествуваат 20-тина локални уметници-аматери, а работилницата е од отворен карактер.

Делата од оваа ликовна работилница ќе бидат презентирани на изложба со која ќе започнат активностите на Преспанскиот јаболкобер на 26 септември.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ИФФК претстави дел од тимот на филмот „Насоки“

Филмот е бугарско-македонска-германска продукција.

Почна Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“

Годинава за највисоките награди конкурираат 13 кинематографери со исто толку филмови.

„Статуафест“ во Гевгелија

Културниот перформанс ќе се одвива на градскиот плоштад во Гевгелија и на главното шеталиште каде што ќе настапуваат уличните живи статуи

Профил Иван Поповски: Театарскиот „Леси“ не се изгуби во успехот

„Многу е лесно човек да се изгуби, и јас почнав да се губам. Успехот е многу поопасен од неуспехот, a неуспехот некогаш многу поважен од успехот.“

Македонија нема филм, кандидат за Оскар

Комисијата не им даде преодна оценка на филмовите „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски.

НАЈЧИТАНИ