• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
Плусинфо11:05 12 септември 2017 ● Прочитано 1005

Блаже Суклевски, осмоодделенец од ОУ „Тихомир Милошевски“ кој е првопласиран од земјава учествуваше на најпрестижниот интернационален натпревар од областа на геометријата „Иранска геометриска олимпијада“ (ИГО) и влезе во најтесниот избор за едена од медалите.

Натпреварот во земјава се одржа на Машински факултет во Скопје.

- Нашиот математичар Блаже Суклевски влезе во најтесниот избор на Светско ниво за златен, сребрен или бронзен медал. Резултатите ќе бидат проследени до интернационалната комисијата за прегледување во Иран и после еден месец ќе бидеме известени за истите -изјави неговата менторка, професорката Анкица Спасова.

На натпреварот во Иран учество зедоа најдобрите математичари од 44 држави во светот.

Овој млад математичар и досега се закитувал со медали од општински, регионални и државни натпревари.

Блаже годинава има освоено и прва награда на државниот натпревар по математика кој се одржа на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дефект на трафостаница остави делови од Скопје без вода и струја

Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема.

Богоев најави санкции за сите што го загадуваат Кејот на Вардар

Како една од првите критични локации е посочен Кејот на Вардар, односно мостот „Газела”, каде што честопати локалното население создава депонија.

На местото на Ќосето - дрво со плочка „Секој има исто право на праведно и јавно судење“!

Скопскиот градоначалник рече дека со отстранување на споменикот, започнува справувањето со проектот „Скопје 2014“.

Уметност на мраз на Skopje on Ice 2018

Во наредните два дена во Скопје ќе се одржи Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“.

Општина Центар: Споменикот на Ќосето беше дивоградба

Констатирано едека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на Град Скопје, објаснуваат од Центар.

НАЈЧИТАНИ