• 24 септември 2017
  • Вести денес: 40
Плусинфо09:53 12 септември 2017 ● Прочитано 503

Скопје танцовиот театар утревечер во 20 часот ја отвора сезоната 2017/2018 со претставата „Кожа“.

Претставата е составена од три кореографии: „Котел“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски; „Погрешно“ на Адријана Данчевска, музика „Верка“ и „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, избор на музика. Костимите за сите три кореографии ги направи Блајој Мицевски. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Јована Зајкова и Сара Цветковска, како и гостите од Националниот балет од Приштина: Синан Кајтази, Фисник и Ники Мусоли.

- Со оваа претстава започнуваме една исклучително богата сезона, бидејќи веќе од следната недела старуваме со програмата низ Македонија, со која сакаме да опфатиме што поголем број публика и да ја презентираме нашата уметничка работа низ републикава. На деветти фебруари 2018 година, имаме настап на престижниот Holland Dance Festival, што претставува прво вакво гостување на компанија од Македонија, на извонредно високо ниво, во рамките на фестивал кој во театарската уметност може да се компарира со фестивалите во Единбург и Авињон. Тоа е огормна потврда за нашиот квалитет и успехот на програмата што ја создаваме.
Оваа сезона стартуваме и со новата Школа на Скопје танцовиот театар, програма за деца на возраст од 10 до 14 години, која ќе ги насочува децата кон професионален ангажман и едукација во совремниот танц. Оваа програма ќе се одвива во Скопје и повеќе градови на Македонија - велат од Скопје танцовиот театар.

Ова е првата компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин, како основач и уметнички директор, која активно работи, во континуитет на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на европската танцова сцена. Работата на овој театар промовира нова естетика кај нас и се бави со истражување и продукција во областа на современиот танц.

Скопје танцовиот театар има повеќе целовечерни продукции зад себе: „Меѓусвет“; „Орландо“; „Човек во ходникот“;„ХОТ“; „Потрага“, серијата претстави под име „Импулс“, потоа „О!(тело), „СМС (сите мои слики), „Блесок“, „Кожа“; како и повеќе кратки кореографии.
Во неговиот репертоар, покрај делата на Рисима Рисимкин, се изведуваат дела на короеграфите: Џенис Бренар, Шон Скантелбјури, Њујорк, САД; Џоан ван дер Маст, Нил Вердрун, Тим Персент, Холандија; Катцура Кан, Јапонија; а учествуваат и голем број професори-гости од странство.

 

На сцената на Скопје танцовиот театар свое деби, како млади кореографи имаа: Матеа Киселичка, Љупчо Атанасов, Адријана Атанасова, Дора Кокољ, Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Андријана Андреева, Александра Петрушевска, Јакуб Мунко и Дејан Битровски.

Скопје танцовиот театар има остварено повеќе гостувања, низ Македонија, и во странство, и тоа на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар, Санвинченто, Хрватска; Саем за танц, Дизелдроф и Културбункер во Келн, Германија (2012); ИТС фестивалот во Амстердам, Холандија (2013), „Meet in Beijing“, Пекинг, Кина и „Open stage“ програмата во Хаг и Ротердам, Холандија, (2015) и „Share“ фестивалот во Братислава, Словачка (2017).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ИФФК претстави дел од тимот на филмот „Насоки“

Филмот е бугарско-македонска-германска продукција.

Почна Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“

Годинава за највисоките награди конкурираат 13 кинематографери со исто толку филмови.

„Статуафест“ во Гевгелија

Културниот перформанс ќе се одвива на градскиот плоштад во Гевгелија и на главното шеталиште каде што ќе настапуваат уличните живи статуи

Профил Иван Поповски: Театарскиот „Леси“ не се изгуби во успехот

„Многу е лесно човек да се изгуби, и јас почнав да се губам. Успехот е многу поопасен од неуспехот, a неуспехот некогаш многу поважен од успехот.“

Македонија нема филм, кандидат за Оскар

Комисијата не им даде преодна оценка на филмовите „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски.

НАЈЧИТАНИ