• 24 септември 2017
  • Вести денес: 40
Плусинфо09:36 12 септември 2017 ● Прочитано 365

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве го објави романот „Сè што не помнам“ на познатиот шведски писател Јонас Хасен Кемири, во превод од шведски јазик на Ивица Челиковиќ.

Романот претставува необична приказна за љубовта, пријателството и насилството – која нараторите ја раскажуваат во фрагменти за починатиот пријател Самуел кој и понатаму живее во нивните сеќавања, откако пак неговите блиски доживеале различни судбини. Всушност, повеќе животни судбини, исполнети со страв да не го загубат минатото, се судираат со голема брзина во дејствието во романот во денешен Стокхолм. Зад сите гласови за Самуел се насетува некоја личност во бегство од самата себеси.

Во овој роман на Кемири читателот го доживува исклучително брзиот ритам на современото урбано живеење на бројни нивоа, при што едновремено се нудат низа прашања за цената која ја плаќаат луѓето за да живеат заедно. Секој кој доживува загуба знае дека единствено остануваат спомените зад оној што неповратно исчезнува. Веќе самиот наслов на романот, „Сè што не помнам“ сведочи за силна фрустрација околу меморијата која не може да се контролира. Човек не може на сё да се сеќава. Не може дури ни да биде сигурен дека правилно се сеќава.

Фрагментарно се раскажува приказната за оние кои имале блискост со главниот лик. Гласовите во романот се менуваат наизменично во покуси или подолги фрагменти. Но, не се нагласува конкретно кој е тој што зборува. На почетокот гласовите се испреплетуваат, но наскоро стануваат појасни и искристализирани.

Кога Самуел ја среќава Лаиде, својата голема љубов, ќе се смени пријателството меѓу него и неговиот најдобар другар Ван­дад. Авторот ја опишува љубовта меѓу Самуел и Лаиде без никаква заштитна мрежа и со постојана свесност за ризиците да потоне во клишираност. Писателот кој подоцна ги собира сеќавањата ќе се посомнева дека Лаиде премногу ги разубавува сеќавањата за Самуел, а на што таа ќе реагира, укажувајќи му без двоумење дека може да верува и да мисли што сака, велејќи: „Тоа што го зборувам јас, тоа се моите спомени“. Тука е и една од централните теми во романот: правото на сопствена меморија, независно како изгледа таа во туѓи очи. Но, тоа е исто така и литературен обид да се опише чиста љубовна приказна без современиот цинизам, при што движењето е блиску до клишеата, но можеби претставува и нивно прифаќање и нивна потврда, преку согледување на вистината во нив.

Јонас Хасен Кемири е роден во 1978 година во Стокхолм и е еден од најпопуларните и најчитани прозни и драмски писатели од помладата шведска творечка генерација. Неговите романи „Црвено око“, „Монтекор“, „Им се јавувам на моите браќа“ и „Сè што не помнам“ се преведени на петнаесетина јазици, а негови пиеси се изведувани на голем број театарски сцени во многу земји.

Кемири е добитник на повеќе литературни награди, меѓу кои престижната шведска награда за најдобро романескно остварување „Аугуст“ и наградата за најдобар роман на Шведското радио.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ИФФК претстави дел од тимот на филмот „Насоки“

Филмот е бугарско-македонска-германска продукција.

Почна Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“

Годинава за највисоките награди конкурираат 13 кинематографери со исто толку филмови.

„Статуафест“ во Гевгелија

Културниот перформанс ќе се одвива на градскиот плоштад во Гевгелија и на главното шеталиште каде што ќе настапуваат уличните живи статуи

Профил Иван Поповски: Театарскиот „Леси“ не се изгуби во успехот

„Многу е лесно човек да се изгуби, и јас почнав да се губам. Успехот е многу поопасен од неуспехот, a неуспехот некогаш многу поважен од успехот.“

Македонија нема филм, кандидат за Оскар

Комисијата не им даде преодна оценка на филмовите „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски.

НАЈЧИТАНИ