• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 7
Плусинфо15:25 11 септември 2017 ● Прочитано 968

Mис Северна Дакота, 23-годишната Кара Мунд која што изјави дека Доналд Трамп греши со повлекувањето на САД од Парискиот договор за климата, е прогласена за Мис Америка за 2018 година, во Атлантик Сити. 

Кара Мунд извојува победа меѓу 51 учесничка и беше крунисана во приморски ресорт во Њу Њерси, каде што се избрани најголем дел од американските убавици.

Во едно од интервјуата на сцена, Мунд изјавила дека Трамп не бил во право што ги повлекол САД од Парискиот договор за климата, кој има за цел намалување на емисијата на штетни гасови, што придонесува за глобалното затоплување.

– Тоа е лоша одлука. Постојат докази дека климатските промени се реалност и ние треба да бидеме дел од справувањето со нив – изјавила мисицата.

Таа не е загрижена ниту за евентуална реакција од Доналд Трамп, кој смета дека Парискиот договор е лоша зделка за САД од економска гледна точка и кој исто така рече дека глобалното затоплување е лага.

Во интервју за АП, пред да почне прелиминарниот натпревар, Мунд, која живее во Бизмарк, Северна Дакота, изјавила дека има за цел да биде првата жена од нејзината држава што ќе биде избрана за гувернер.

Таа исто така изјавила дека сака да види што повеќе жени избрани на различни позиции во владата.

– Важно е да се има претстава за женскиот поглед на работите во светот. Во однос на здравството и правата на репродукција – мажите се тие кои претежно ги донесуваат одлуките – посочила Кара Мунд, која завршила на Универзитетот Браун.

Инаку Кара е прва девојка од Северна Дакота која ја добила круната за Мис Америка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Се ожени таткото на Џастин Бибер

Челзи покажа фотографија од специјалниот ден на која напиша: „Вчера беше најневеројатен ден. Се венчав со мојот најдобар пријател! Те сакам“.

Сомнителен пакет испратен до принцот Хари и Меган Маркл

Било утврдено дека супстанцата не е опасна, а полицијата истражува и дали имало злонамерна комуникација.

Дуа Липа и Стормзи го засенија Ед Ширан

Во разнобојни аутфити и со бели рози в раце или значки во вид на цвет пристигнуваа славните на Британските музички награди 2018.

Клуни и Опра со по 500.000 долари кураж за марш против оружјето

Учесници, порака Учесниците во „Марш за нашите животи“ ќе побараат поголема контрола врз оружјето. При напад во училиште во Паркленд, Флорида, беа уби

„Наше маало“ и Викторија Лоба во „Еден на Еден“ ВИДЕО

Викторија Лоба отворено одговара на секое прашање од Жаре, па дури и на она „Кога ти беше третото секскуално искуство“.

НАЈЧИТАНИ