• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 33
Плусинфо15:14 11 септември 2017 ● Прочитано 1523

Хвар е дестинацијата каде ќе се снима акциониот трилер „Black money games“ во режија на Адам Рајт, а во кој со легендарниот Том Хенкс ќе глуми и српската актерка Катарина Радивојевиќ (Зоне). 

За проектот, „тежок“ 50 милиони долари, од продукцијата, од која дел е и Катарина, со денови набљудувале локации за најпогодно место за снимање. Радивојевиќ, која освен со глума се занимава и со продукција, за „Јутарњи“ открила детали за филмот.

– Главен продуцент е Џои Туфаро, во чии филмови играле ѕвезди како Хали Бери, Арнолд Шварценегер и Кристифер Вокен. Хрватска ќе биде во филмот не само како локација, туку и низ значајни случувања – посочила Радивојевиќ.

Катарина е наградувана 38-годишна актерка, најпозната по улогата на Зоне во филмот „Зона Замфорива“. Таа одлучи кариерата да ја продолжи во САД, иако заради одделни проекти се враќа дома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Том Хенкс вози „пегла“

Фотографијата е објавена на неговиот Фејсбук профил и доби 13.000 “лајкови”

Најплатени манекенки, Џенер на првото место со заработка од 22 милиони долари

Заедно, десетте најплатени модели во светот вкупно заработиле 109, 5 милиони долари меѓу 1 јуни 2016 година и 1 јуни 2017 година.

Шакира откажа 17 концерти, гласните жици ѝ прокрвавеле

Славната пејачка боледува од тешко воспаление на гласните жици и состојбата се искомплицирала, а лекувањето ќе трае долго.

Ивановиќ и Швајнштајгер го чекаат своето прво дете

„Мало проширување на нашето семејство! Не можеме да бидеме посреќни“, напиша Ивановиќ.

Натали Портман: Имам 100 приказни за малтретирање на снимање

Актерката смета дека недостигот на жени на снимањата е една од причините заради што се случуваат напаствувања.

НАЈЧИТАНИ