• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо14:53 11 септември 2017 ● Прочитано 1335

Дипломата може да ни донесе подобро работно место и поголема плата, но според најново истражување на универзитетот Оксфорд и Лондонскиот колеџ, високото образование има силно влијание и врз нашето здравје, бидејќи го намалува ризикот од инфаркт и срцеви заболувања.

Во студијата, со која билe опфатени 500.000 луѓе, научниците наведуваат дека 3,6 години дополнително образование го намалува ризикот од инфаркт за околу 30 отсто. Оние пообразованите исто така, имале и понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на масти во крвта, а меѓу нив имало и повеќе непушачи.

Еден од експертите, д-р Џулиен Ваучер вели дека резултатите покажуваат оти тоа делумно може да се објасни преку тоа што многу од испитаниците биле непушачи, но ако се земат предвид и другите испитаници, мистеријата останува.

- Политичарите треба да пронајдат начин како да го стимулираат продолжувањето на образованието кај луѓето, можеби со помош на подигање на свеста за ползата од сето тоа - објаснува научникот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

УНИЦЕФ: Здравиот развој на малите деца е поддржан само во 15 земји

Шест месеци платено породилно отсуство и четири седмици платено отсуство за таткото, помагаат да се постави клучната основа за оптимален развој.

СЗО: Светот останува без ефикасни антибиотици, инфекциите сѐ поотпорни

СЗО предупредува дека нема доволно нови антибиотици, чиј развој е во тек, за да можат да се лекуваат најотпорните инфекции.

Поставена протеза на скрешеница на рамо што овозможува негова нормална функција

Оваа протеза ја менува природната анатомија на рамото и овозможува нормализирање на функцијата на оштетеното рамо.

Жан Митрев одбележува 17 години од прва операција на отворено срце во Македонија

Доктор Митрев, кој направил над 15.000 операции на срце, рече дека во болницата на тројца пациенти им извршиле реконструкција на срце.

Контролирајте ја висината на вашето дете барем два пати годишно!

Здружението „РАСТ“ апелираше до надлежните институции да обезбедат недискриминаторски третман за сите деца на кои им е потребна хормонска терапија

НАЈЧИТАНИ