• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо13:36 11 септември 2017 ● Прочитано 1042

Во моментов има пет диви депонии во општина Аеродром и општината не презема ништо за да ги расчисти, обвини денеска Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром.

Тој предупреди дека овие депонии шират зарази, но и дека наместо да се намалува расте нивниот број.

- Јавната хигиена по тротоарите, улиците и тревниците е на катстрофално лошо ниво. Граѓаните низ целата општина ја посочуваат хигиената како еден од главните проблеми во општина Аеродром. Ова после 15 октомври се менува. Чиста општина и чиста животна средина ќе бидат меѓу главните приоритети на новата локална власт. Со низа инвестиции и промени во работењето ќе ја подобриме јавната хигиена воопштината и ќе ја зачуваме животната средина - рече Марин.

Тој најави дел од приоритетните мерки на СДСМ за општина Аеродром.

- Оформување на Комунално претпријатие во рамките на локалната самоуправа, задолжено за хигиената во општината, кое ќе биде задолжено да ја одржува хигиената на улиците, тротоарите и просторот меѓу зградите. Зголемување на ефективноста и ефикасноста на работата на постоечките служби преку намалување на обемот на нивната работа. Трајно решавање на проблемот со депониите без разлика дали се наоѓаат на приватни или јавни површини. Поставување нови подземни контејнери и контејнери за селективен отпад. Санација, како и редовно чистење на Усјанскиот канал - најави Марин.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Голем број делови од подрачјето на главниот град утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија.

„Водовод“ им се извини на граѓаните за рестрикциите со водата

Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол мол и од поштата до последна 5ка и 15ка поради дефект кој настанал денеска.

Без вода утре дел од Аеродром

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100мм., на ул.Симеон Кавракиров бб. во населба Аеродром.

Викендов 40 повредени во 38 сообраќајки во Скопје

Најмногу возачи, пак, биле казнети за брзо возење.

Утре велопикник на Средно Водно

Од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно.

НАЈЧИТАНИ