• 24 септември 2017
  • Вести денес: 40
Плусинфо12:08 11 септември 2017 ● Прочитано 534

Под мотото „Заедно до целта – да му помогнеме на Тео Богоевски да го оствари својот сон!“, во среда, во 21 часот, во „Кантина“(Дебар Маало) ќе се одржи хуманитарна промоција на првата поетска книга на Теодор Богоевски насловена „Јас без сенка“.

Издавањето на оваа книга го помогна Издавачки центар ТРИ, а сите средства собрани од продажбата ќе одат во прилог на хуманитарната акција за купување на потребната количка што ќе му овозможи на Тео осамостојување и поголема слобода на движење по кои долго копнее. 

Тео Богоевски е амбициозен студент на Правниот факултет кој, како што велат блиските, е храбро момче кое отворено зборува за својот хендикеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ИФФК претстави дел од тимот на филмот „Насоки“

Филмот е бугарско-македонска-германска продукција.

Почна Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“

Годинава за највисоките награди конкурираат 13 кинематографери со исто толку филмови.

„Статуафест“ во Гевгелија

Културниот перформанс ќе се одвива на градскиот плоштад во Гевгелија и на главното шеталиште каде што ќе настапуваат уличните живи статуи

Профил Иван Поповски: Театарскиот „Леси“ не се изгуби во успехот

„Многу е лесно човек да се изгуби, и јас почнав да се губам. Успехот е многу поопасен од неуспехот, a неуспехот некогаш многу поважен од успехот.“

Македонија нема филм, кандидат за Оскар

Комисијата не им даде преодна оценка на филмовите „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски.

НАЈЧИТАНИ