• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо13:22 10 септември 2017 ● Прочитано 789

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Стефан Богоев, на денешната прес-конференција истакна дека по вчерашните средби со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4, се договориле по преземањето на локалната власт целосно и темелно да го ревидираат носењето на детални урбанистички планови.

- На граѓаните на Карпош им е доста од ставањето на личните и бизнис интереси на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, пред интересите на граѓаните. Се обврзувам и ветувам пред граѓаните на Карпош дека сите измени во иднина на урбанистичките планови ќе се прават во договор со граѓаните и ќе се прават на чесен, транспарентен и отчетен начин со цел заштита на зеленилото, чистиот воздух во општината и обезбедување на чист, модерен и зелен Карпош – вели Богоев.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Голем број делови од подрачјето на главниот град утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија.

„Водовод“ им се извини на граѓаните за рестрикциите со водата

Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол мол и од поштата до последна 5ка и 15ка поради дефект кој настанал денеска.

Без вода утре дел од Аеродром

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100мм., на ул.Симеон Кавракиров бб. во населба Аеродром.

Викендов 40 повредени во 38 сообраќајки во Скопје

Најмногу возачи, пак, биле казнети за брзо возење.

Утре велопикник на Средно Водно

Од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно.

НАЈЧИТАНИ