• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо12:16 10 септември 2017 ● Прочитано 603

Покрај тоа што се преполни, дел од градинките во Општина Ѓорче Петров се дотраени и се без елементарни услови за непречена работа, посочи кандидатот за градоначалник на оваа скопска општина од редовите на СДСМ, Александар Наумоски.

Тој обвини дека стотици деца од предучилишна возраст не можат да се запишаат во градинка бидејќи нема место и остануваат заглавени на списоците за чекање.

- И покрај бројните апели, локалната власт во заминување предводена од Сокол Митровски, не најде за потребно да го реши овој проблем и да им помогне на граѓаните. Се потрошија милиони евра пари на граѓаните, а продолжената рака на Никола Груевски, Сокол Митровски зад себе остави преполни и нефункционални градинки. Новата локална власт предводена од СДСМ, во соработка со Владата и Министерството за труд и социјална политика, ќе обезбеди доградба и реконструкција на постојните објекти заради зголемување на капацитетот на места за упис на деца – рече Наумоски.

Од партијата објавија и фотографии од состојбите во градинката во Дексион, а Наумоски најави и нова градинка во Волково.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Голем број делови од подрачјето на главниот град утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија.

„Водовод“ им се извини на граѓаните за рестрикциите со водата

Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол мол и од поштата до последна 5ка и 15ка поради дефект кој настанал денеска.

Без вода утре дел од Аеродром

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100мм., на ул.Симеон Кавракиров бб. во населба Аеродром.

Викендов 40 повредени во 38 сообраќајки во Скопје

Најмногу возачи, пак, биле казнети за брзо возење.

Утре велопикник на Средно Водно

Од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно.

НАЈЧИТАНИ