• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
Плусинфо11:36 10 септември 2017 ● Прочитано 728

Во Градскиот парк кај Школка денеска ќе се одржи хуманитарен музички хепенинг на кој ќе се донираат училишни прибори кои ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства. Хуманитарниот настан е во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Хуманите граѓани, донациите од училишен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училишен материјал, ќе можат да ги достават во комбето на „Мрдни со прст“ што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

- Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа, се наведува во соопштението од организацијата „Мрдни со прст“

Донациите ќе им бидат дистрибуирани на околу 120 деца од шест основни училишта во Скопје и околината, ученици во ОУ „Сами Фрешери“ во село Глумово, ОУ „Марко Цепенков“ во Зелениково, ОУ „Ѓорг Кастриоти Скендер Бег“ во Арачиново, ПОУ „Златан Сремец“ во Кисела Вода, ОУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, ОУ „Дитурија“ во Сарај и три подрачни основни училишта во селата Крушопек, Грчец и Љубин. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дефект на трафостаница остави делови од Скопје без вода и струја

Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема.

Богоев најави санкции за сите што го загадуваат Кејот на Вардар

Како една од првите критични локации е посочен Кејот на Вардар, односно мостот „Газела”, каде што честопати локалното население создава депонија.

На местото на Ќосето - дрво со плочка „Секој има исто право на праведно и јавно судење“!

Скопскиот градоначалник рече дека со отстранување на споменикот, започнува справувањето со проектот „Скопје 2014“.

Уметност на мраз на Skopje on Ice 2018

Во наредните два дена во Скопје ќе се одржи Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“.

Општина Центар: Споменикот на Ќосето беше дивоградба

Констатирано едека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на Град Скопје, објаснуваат од Центар.

НАЈЧИТАНИ