• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 31
Плусинфо12:55 09 септември 2017 ● Прочитано 668

Уште еден документарен филм посветен за позната ѕвезда ќе се прикаже на филмскиот фестивал во Торонто. Станува збор за богот на гитарите, легендарниот Ерик Клептон.

На почетокот на филмот се појавува кралот на блуз музиката Б.Б. Кинг, кој со пофални зборови го опишува својот колега Клептон пред да се појават досега невидени архивски снимки и фотографии од животот и детството на гитаристот до инспирацијата за “Лејла” и неговата соло кариера.

“Знаев дека сум различен, но не знаев зошто”, вели Клептон, додека неговите врсници кажуваат како направи успешна револуција во свирењето гитара.

Life in 12 Bars, е името на документарецот кој ги открива и најдлабоките тајни на Ерик, вклучувајќи ја зависноста од дрога и алкохол и трагичната смрт на неговиот четиригодишен син Конор во 1991 година.

Продуцентот на филмот Лили Фини Занук добил од Ерик голема лична архива од класичните изведби, снимки на сцената и надвор од неа, иконски фотографии, рачно напишани писма, цртежи и лични записи. Премиерата на филмот е закажана за 10 - ти Февруари 2018 година. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Том Хенкс вози „пегла“

Фотографијата е објавена на неговиот Фејсбук профил и доби 13.000 “лајкови”

Најплатени манекенки, Џенер на првото место со заработка од 22 милиони долари

Заедно, десетте најплатени модели во светот вкупно заработиле 109, 5 милиони долари меѓу 1 јуни 2016 година и 1 јуни 2017 година.

Шакира откажа 17 концерти, гласните жици ѝ прокрвавеле

Славната пејачка боледува од тешко воспаление на гласните жици и состојбата се искомплицирала, а лекувањето ќе трае долго.

Ивановиќ и Швајнштајгер го чекаат своето прво дете

„Мало проширување на нашето семејство! Не можеме да бидеме посреќни“, напиша Ивановиќ.

Натали Портман: Имам 100 приказни за малтретирање на снимање

Актерката смета дека недостигот на жени на снимањата е една од причините заради што се случуваат напаствувања.

НАЈЧИТАНИ