• 19 септември 2017
  • Вести денес: 108
Плусинфо10:59 09 септември 2017 ● Прочитано 1734

Легендарниот српски глумец Љубиша Самарџиќ – Смоки почина по тешко боледување на 80-годишна возраст во Белград.

На почетокот на годинава тој беше опериран од тумор на мозок, а подоцна состојбата му се влошила поради лимфоцитна леукемија, од која боледувал подолго време.

Самарџиќ е роден на 19 ноември 1936 година, а неговиот талент за глума бил откриен многу рано.

Првата своја улога ја остварил во филмот „Игри на скелиња“. Во својата кариера вкупно остварил 130 телевизиски и филмски улоги.

Прекарот „Смоки“ го добил благодарејќи на истоимениот лик кој го играл во филмот „Песочен град“ во 1963 година.

Меѓу најзабележителните улоги на легендата на југословенската и српската кинематографија се филмовите „Битка на Неретва“, „Бомбаши“, „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, „Луди години“, „Работа на одредено време“, „Мој татко на одредено време“, „Не е лесно со мажите“, „Магарешки години“, „Убиство се предумисла“, „Наташа“….

Во богатата телевизиска кариера Самарџиќ играл во сериите „Топол ветер“, „Враќање на отпишаните“, „Каде одат дивите свињи“, „Подобар живот“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Есента доаѓа, дуњо моја“….

Последната улога која ја оствари беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ во 2011 година, која ја и режирал. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ѕвездата од „Вовед во анатомија“ оперирала тумор на мозокот

На преглед ѝ откриле дека има тумор, кој за среќа можел да се оперира, а потоа е утврдено дека бил бениген.

Меланија Трамп побарала итно да се тргне навредувачкиот плакат во Загреб (ФОТО)

Меланија најавила тужба и побарала плакатот да се отстрани во рок од 24 часа.

Се продава магазинот „Ролинг стоун“

Репутацијата на магазинот наеднаш опадна пред три години, кога мораа да повлечат текст за измислено групно силување.

Контроверзниот филм на Анџелина Џоли за Камбоџа кандидат за „Оскар“

Филмот на Анџелина Џоли „First They Killed My Father“ беше вклучен во трката за номинација за „Оскар“ во категоријата „Најдобар филм на странски јазик

Стинг во Скопје доаѓа со својот син

Концертот на Стинг во Скопје кој со нетрпение го очекува македонската публика ќе се одржи на 15-ти октомври

НАЈЧИТАНИ