• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо21:10 07 септември 2017 ● Прочитано 1154

Седуммесечното претседателство на Доналд Трамп е карактеристично по доволно многу заговори со пресврти што создава чувство како земјата да живее во некој роман на Џон Ле Каре на стероиди. Како експлозивно досие напишано од поранешен шпион! Сугестии за уцена! Можен скандал и дослух! Голема борба за моќ во рамките на семејната империја за The Godfather да пружи малку светлина во драмата! Ако е за некоја утеха, Џон Ле Каре, поранешен автор на најпродаваните шпионски романи со пресврти, се согласува дека сегашната политичка сага може да се спореди со „најегзотичните заговори за време на Студената војна“. И во новото интервју, Ле Каре и Бен Макинтаер, друг писател на шпионски романи, ги проценуваат наводните врски меѓу Трамп и Владимир Путин.

Во еден фасцинантен разговор со новинарката на Њујорк тајмс, Сара Лајл, на двајцата шпионски експерти им е поставено прашањето дали мислат дека Русите навистина имаат компромитирачки материјал за претседателот на САД, пренесува Julie MilLer за Венити фер.

- Можам да ви кажам што мислат ветераните на С.И.С. (Британската тајна разузнавачка служба, или МИ6), а тоа е, да, за него има компромитирачки материјал - вели Макинтер, истакнувајќи дека тоа е стандардна процедура. „Го собираат во доволна мера, теоријата вели понатаму, од овој компромитирачки материјал потоа почнуваат да пуштаат делови од него во јавноста. Тие му направија местенка на поранешниот човек на МИ6, Крис Стил, кој стана ефективна жртва, го хранеа со некои работи што се вистинити, со некои нешта што не се вистинити, и со некои работи кои се очигледно неточни“.

За оние кои имаат потреба од освежување, во досието се содржани непотврдени белешки наведувајќи дека руската влада „го култивирала“ Трамп за време на неодамнешната кампања; дека Трамп има тајни финансиски врски со Русија; и најзлобното, дека Трамп бил вплеткан во некоја непримерна сексуална активност за време на неговите патувања во земјата. (Трамп ги негираше обвиненијата, нарекувајќи ги „лажни вести“.)

- Што значи дека Трамп може да ги негира, знаејќи дека суштината на тоа е вистинита - објаснува Макинтер. „И тогаш тој ќе го носи тој терет во остатокот од неговото претседателствување. Важно е да се запамети дека Путин е обучен офицер на К.Г.Б., и тој размислува на традиционален К.Г.Б. начин“.

- Што се однесува до Трамп, се сомневам дека имаат (компромитирачки материјал), бидејќи тие го негираат тоа - вели писателот Ле Каре. „Ако го имаат и му направиле местенка на Трамп, тие би рекле: „О, не, немаме ништо“. Но на Трамп тие му велат: „Зар не сме љубезни кон тебе?“.

Мекинтер додава дека Наталија Веселницкаја, руската адвокатка со која Доналд Трамп, зетот Џаред Кушнер и Пол Манафорт се сретнале на состанок во кулата „Трамп“ во јуни 2016 година, е карактер излезен „директно од една од нашите книги, лик што е можеби поврзан на руската држава.. . тоа се нарекува маскировка - малку маскарада - каде што создавате толку многу конфузија и несигурност и мистерија што никој не знае што е вистината“.

- За Путин, тоа е еден вид на музика која оди во заднината додека работите се одвиваат понатаму - вели писателот Ле Каре. „Разменетите документи за кулата „Трамп“ во Москва (за која се вели дека Трамп планирал да ја гради) може, ама и не може да бидат доказ. Потоа, тука се навистина и корените на сомнеж за работи на Кавказот. Постојат скандалозни делчиња кои, ако се додадат, би можеле да сугерираат дека тој отишол во Русија по пари. А тоа ќе се вклопи со фактот дека тој не е ниту половина, ниту десетти дел толку богат колку што се претставува“.
 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јазични вриежи во Украина

Во Украина денеска работат 581 руски училишта, 75 се романски, а 5 полски. Од 2020 година сите училишта ќе држат настава само на украински јазик.

Ведрана Рудан: „Сфатив, деца мои, дека не ве сакам повеќе“

Денес, за мене, деца мои, е голем ден. Се разведуваме. Пукнав.

Александар Вучиќ или Кратките нозе на Србија

Како српските граѓани се прилагодија на лагите и измамите.

2017 - Година на забрзан напредок на нуклеарната технологија на Северна Кореја

Од февруари оваа година, Северна Кореја лансираше 22 ракети во рамките на 15 тестови, а со секоја нова проба, ја унапредуваше својата технологија.

Скокање во бунар или „каде сите Турци, таму и малиот Мујо“

Имитирањето, таа ментална пракса одвлече многу луѓе во апстиненција, а многу други преку ноќ ги трансформира во страстни поддржувачи на режимите.

НАЈЧИТАНИ