• 19 септември 2017
  • Вести денес: 108
Плусинфо16:47 05 септември 2017 ● Прочитано 671

Најдалеченото вселенско летало денеска ја одбележува 40-годишната работа во ледените длабочини на меѓуѕвездениот простор, пренесува ITV.

И покрај годините, Војаџер 1 патува со брзина од околу еден милион и шесттотини илјади километри дневно, откако НАСА го лансира на 5 септември 1977 година, за да го проучува надворешниот Сончев систем.

фотографија на Војаџер на Јупитер со две месечини

Со Војаџер 2 , лансиран 16 дена по неговиот близнак од Кејп Канаверал на Флорида, како пар беа наменети да ја завршат „големата турнеја низ Сончевиот систем“, и да помогнат во откривање на докази за тоа како Земјата е формирана пред повеќе од 4,5 милијарди години.

Двете вселенски летала имаат долготрајни нуклеарни централи и продолжуваат да комуницираат со американската вселенска агенција на долгиот пат од милијарди километри.

Двете летала открија 23 нови месечини на планетите Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун и ги испратија првите детални слики од четирите гигантски планети во надворешниот Сончев систем.

Сатурн фотографиран од Војаџер

Сликите открија дека месечината на Јупитер, Ио, е највулкански активно тело во сончевиот систем и ги даде првите навестувања дека Јупитерската месечина, Европа, содржи во внатрешноста подземен океан во кој можеби има живот.

Тие исто така открија атмосфера слична на Земјата на месечината на Сатурн, Титан, ледени гејзери на Нептунската месечина Тритон, прстенест систем на Јупитер и испреплетена структура на Сатурновите прстени.

Месечината на Нептун, Тритон

Да се видат месечините на Јупитер и Сатурн „беше највпечатливата работа што некогаш сум ја видел во мојот живот“, се присетува Чарли Хорд, поранешен научник за планети кој работеше со Војаџер додека беше на докторските студии, и додаде дека „сите научници беа воодушевени од сликите“.

Сликите беа „навистина голема работа“, додаде професорот Фран Багенал од ЦУ Боулдер Лабораторија за атмосферска и вселенска физика (LASP), научник кој започнал да работи со податоците на Војаџер како докторант на МИТ.

„Надворешниот Сончев систем почна од слики на нејасни планети со точки за месечините до цела низа нови и неверојатни светови".


Миранда, месечина на Уран

Војаџер 1 сега е речиси 21 милијарди километри далеку од Земјата, и патува кон север во однос на планетата со 30.000 км на час, додека Војаџер 2 е само над 17 милијарди километри далеку и патува во спротивната насока.

Ако продолжи на оваа траекторија, Војаџер 1 ќе прелета покрај ѕвездата AC + 79 3888 во соѕвездието Офиукус по околу 40.000 години.

Пред пет години сондата стана единственото вселенско летало кое некогаш се пробило вон Сончевиот систем, откривајќи ја суровоста на меѓуѕвездената средина каде што нивоата на космичкото зрачење се четири пати повисоки отколку што се околу Земјата.



Уран

- Верувам дека малку мисии може воопшто да се совпаднат со достигнувањата на вселенските летала Војаџер за време на нивните четири децении на истражување - рече Томас Зурбухен, помошник-администратор во Директоратот за научни мисии на НАСА.

Тој продолжи: „Тие нè научија за непознатите чуда на универзумот и навистина го инспирираа човештвото да продолжи да го истражува нашиот Сончев систем и пошироко“.

Доколку било кое од вселенските летала Војаџер се сретне со цивилизација, секое од нив носи нешто што е веќе познато како „Златна плоча“ - позлатена бакарна плоча со фонографски записи со поздрави на 54 јазици; звуци на сурфање, ветер, гром, птици и китови; аналогни фотографии на луѓе и места на Земјата; дијаграми на ДНК; и фрагменти од музика од Бах и Бетовен до Чак Бери.

Нептун
Доколку оваа новопронајдена цивилизација сега ја има соодветната технологија, двете вселенски летала исто така носат игла што е поставена во правилна положба, така што вонземјаните веднаш би можеле да ја пуштат плочата, наречена „Шумови од Земјата“ од починатиот Карл Саган, кој ја осмисли нејзината концепција.

Саган тврдеше дека сите вонземјани кои би наишле на „Златната плоча“ би ги препознаат звуците како начин што луѓето го примениле во обидот да кажат здраво.

Гравирање на Златната плоча

Кога вселенските летала Voyager ќе наполнат 53 години во 2030 година, се очекува контролорите да ги исклучат, меѓутоа, тие не можат да се вратат назад и затоа ќе продолжат да патуваат засекогаш, комплетирајќи ја орбитата на галаксијата Млечен Пат на секои 225 милиони години.

Научникот Ед Стоун од проектот Војаџер,, што е сместен во Технолошкиот институт во Калифорнија, вели: „Никој од нас не знаеше, кога започнавме пред 40 години, дека сè и понатаму ќе работи и ќе продолжиме на ова пионерско патување“.

„Највозбудливата работа што ќе ја пронајдат во наредните пет години веројатно ќе биде нешто за што не знаеме дека постои и чека да биде откриено“.


Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јазични вриежи во Украина

Во Украина денеска работат 581 руски училишта, 75 се романски, а 5 полски. Од 2020 година сите училишта ќе држат настава само на украински јазик.

Ведрана Рудан: „Сфатив, деца мои, дека не ве сакам повеќе“

Денес, за мене, деца мои, е голем ден. Се разведуваме. Пукнав.

Александар Вучиќ или Кратките нозе на Србија

Како српските граѓани се прилагодија на лагите и измамите.

2017 - Година на забрзан напредок на нуклеарната технологија на Северна Кореја

Од февруари оваа година, Северна Кореја лансираше 22 ракети во рамките на 15 тестови, а со секоја нова проба, ја унапредуваше својата технологија.

Скокање во бунар или „каде сите Турци, таму и малиот Мујо“

Имитирањето, таа ментална пракса одвлече многу луѓе во апстиненција, а многу други преку ноќ ги трансформира во страстни поддржувачи на режимите.

НАЈЧИТАНИ