• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 30
Плусинфо22:58 04 септември 2017 ● Прочитано 7175

Само три месеци по преземањето на функцијата, македонскиот премиер Зоран Заев во саботата вечер пристигна во Израел да присуствува на фудбалскиот натпревар меѓу националните тимови на Израел и Македонија, пишува Greer Fay Cashman во Jerusalem Post.

Заев и неколку негови министри и советници беа меѓу посетителите што го гледаа натпреварот, но за разлика од многу Израелци што свиркаа, Македонците беа бодри и насмеани бидејќи Македонија победи со 1-0.

По победата на Израел од 2-1 на натпреварот во Македонија во октомври минатата година, ние „калкуриравме дека ќе загубиме со 2:1 или 3:1“, призна Заев ввчера на ручекот во хотелот „Крал Давид“приреден во негова чест од Советот за надворешни односи на Израел спонзориран од Светскиот еврејски конгрес. Тој претпоставил дека со присуството на премиерот и една третина од македонската влада на трибините, тимот бил поттикнат да даде најдобар резултат.

Заев претходно го посети Израел во октомври 2015 година како лидер на опозицијата и градоначалник на Струмица.

Меѓу личностите кои тој ги сретна по тој повод беше претседателот Реувен Ривлин, со кого се состана повторно во неделата наутро. Ривлин, страствен обожавател на фудбалот, и поранешен претседател на Беитар Ерусалим во неговите најдобри денови, не се воздржуваше во неговите честитки. „Игравте подобро од Израел и постигнавте регуларен гол“, рече тој. „Фудбалот е како политиката, или како влада“, продолжи Ривлин. „Се потпира на тимска работа. Без тимска работа, не можете да направите ништо“.

Како и на средбите со претходни странски политичари кои преминале од опозиција во власта на нивните земји, Ривлин го цитираше покојниот премиер Ариел Шарон, кој рече дека политичкиот живот е како тркало - понекогаш горе, а понекогаш и долу, но важно е да се остане на тркалото. „Докажавте дека можете да го направите тоа“,му се обрати Ривлин на Заев додавајќи дека како градоначалник Заев бил во близок контакт со народот и дека тоа била добра подготовка за неговата актуелна улога како шеф на владата.

Ривлин истакна дека односите меѓу двете земји се зголемуваат секоја година.

Тој побара од Македонија да го искористи влијанието што го има во Европа, во обид да ги прекине барањата за бојкот на Израел. Израел може да ги разбере критиките, рече тој, но не и бојкотот, особено во врска со работите што се однесуваат на Ерусалим. Тој смета дека е апсурдно да се сугерира дека Евреите не се поврзани со Ерусалим.

Осврнувајќи се на проблемот со конфликтот со Палестинците, Ривлин рече: „Ние ќе ја завршиме оваа трагедија тогаш кога ќе ги убедиме нашите роднини - нашите соседи дека треба да најдеме начин да живееме заедно“.

Нагласувајќи дека Македонија е мала и не многу моќна земја, Заев го увери Ривлин дека без обѕир на тоа, ќе го поддржува Израел секогаш кога е можно. „Ние секогаш ги поддржуваме нашите пријатели, а Израел е еден од најголемите пријатели на Република Македонија“, рече тој.

Освен предизвиците што ги претставуваат тероризмот, екстремизмот и радикализмот, рече Заев, најголемиот предизвик за Македонија е да ги одврати своите млади луѓе од миграција. Многу млади луѓе заминуваат во потрага по подобри работни места и подобар квалитет на животот ..

Тој рече дека се надева дека преку технолошката соработка со Израел може да се создадат нови можности за вработување и да се научат новите пристапи кон земјоделството. Второто е многу важно за Македонија која не излегува на море и која во суштина е земјоделска земја.

Тој изрази благодарност за фактот дека македонската армија е опремена од Израел.

На ручекот на ICFR, Заев доби уште честитки за победата на националниот фудбалски тим, прво од поранешниот генерален директор на Министерството за надворешни работи, проф. Шломо Авинери, а потоа и од поранешниот министер за надворешни работи, Силван Шалом, кој беше еден од домаќините на Заев за време на претходната посета и со кого повторно се сретна во Македонија пред два месеца.

Шалом обелодени дека за време на првата посета на Заев во Израел, тој отишол кај Западниот Ѕид и оставил белешка со барање да победи на изборите за премиер - и очигледно неговата молба била слушната и на неа одговорена. Авинери рече дека победата на репрезентацијата на Македонија тешко им паѓа на граѓаните на Израел, „но ќе ја преболиме“. Легендата вели дека Александар Македонски (како што е познат во Израел) еднаш го посетил Ерусалим, рече Авинери, додавајќи дека „ние не знаеме дали е тоа вистина, но ние сме задоволни што Израел е една од првите земји што ја посети новата администрација“.

Заев зборуваше за тоа како економијата е директно поврзана со безбедноста и светската стабилност. Безбеден свет значи просперитетен свет во кој народите можат да се фокусираат на економскиот развој, рече премиерот на Македонија. Признавајќи дека радикализмот и екстремизмот веќе многу години се проблем за Израел, Заев изјави: „Денес ниту една земја не може да ги затвори очите за ова прашање“, што, како што рече, влијае и на балтичките држави и претставува закана за сите.

Иако политичката волја за борба против овие елементи е силна, рече Заев, поголемата соработка меѓу државите е потребна во потрага по светскиот мир.

Двете најголеми аспирации на Македонија се целосна интеграција во НАТО и во Европската унија. Препреката за влез во ЕУ е инсистирањето на Грција Македонија да го промени своето уставно име. Ова е тежок проблем, бидејќи според Заев, таквиот потег би значело и губење на идентитетот, јазикот и културното наследство.

Тој се надева дека решението би можело да се најде во 2018 година кога ниту Грција ниту Македонија немаат избори.

Иако еврејското население во Макдеонија денес брои само 250 луѓе, историјата на еврејската заедница оди до византиските времиња. Постои еврејски спомен-музеј во близина на Министерството за надворешни работи, кое Шалом го опиша како неверојатен. Други еврејски проекти кои ги наведе Заев вклучуваат обнова на еврејските гробишта и изградба на еврејски спомен парк.

Еден од гостите на ручекот праша за враќање на имотот на Евреите на што му беше одговорено дека владата се надева дека ќе најде задоволително решение и за овој проблем.

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ