• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 30
Плусинфо23:02 03 септември 2017 ● Прочитано 2122

Среќен задоцнет роденден, Канада! Доцна стигнавме до тука, но за твојот 150-ти, решивме да ја добиеш најжешката играчка во Северна Америка токму сега: отворена егзистенцијална криза за твојата расистичка историја. Знам дека не е толку блескаво невкусна како што ја имаше САД со катастрофалниот настан поради спомениците на генералите од Конфедерацијата кои се бореа за зачувување на брутално и застрашувачко општество засновано на ропство. Но, верувајте ми: Сер Џон А. Макдоналд создава повеќе од доволно историски непријатности за да биде заобиколен, пишува Дру Браун за Vice.

Еве за што се работи: Џон А. Мекдоналд е еден од најголемите државници во канадската историја. Тој успеал да обедини четири дивергентни колонии во темелно модерна либерална држава која истовремено ги сочувала и ги продлабочувала најсофистицираните традиции на уставната монархија на викторијанската Британија. Тој беше темелит политички мислител чија идеја за федерална рамка овозможи мирен соживот помеѓу Французите и Англичаните и создаде еден од скапоцените камења на круната на меѓународниот либерален поредок. Без него, нема да ја имаше Канада. Точка.

Тој исто така го стори сето тоа со цел да создаде крута хиерархиска структура на белата нација, „кралство на Северните раси“ која би била ослободена од расна дегенерација и многу посупериорна во однос на уличната демократија која речиси ги уништија Соединетите Држави. (Тој исто така бил симпатизер на Конфедерацијата и шокантно голем расист дури и според стандардите на неговото време.) Во потрагата по тој национален сон, тој намерно го терал домородното население (First Nations of the Prairies) да се предаде поради изгладнетост и воспоставил интернатски училишен систем за најдобро да ја олесни неговата асимилација во канадскиот проект или на друг начин да ја обезбеди нивната елиминација како пречка за него.



Тоа е тоа. Тоа е резултатот. Овој човек беше првиот премиер на Канада. Не може да го славите неговото значење за историјата на Канада без да признаете дека тој е архитект на геноцид, на ист начин на кој не може да се истакнува човечката несреќа за која биле одговорни неговите надмоќни белци без да се признае дека е татко на канадската национална држава.

Се разбира, оваа заоокружена слика за човекот се чини дека е проблем само за луѓето кои сакаат да го оставиме сиромашкиот стар Сер Џон на раат. За повеќето критичари целата поента во дискусијата за крвавите раце на Мекдоналд е да се истакне колку од механизмите што ги создал тој опстојуваат и се навистина од голема важност за растот, консолидацијата и одржувањето на канадската држава денес.

Роберт Јаго тоа најдобро го опиша во својот неодамнешен есеј во The Globe and Mail: за домородните народи, не е важно дали името на Мекдоналд го носи некое основно училиште или не - неговото вистинско наследство преживува во страдањата што тие продолжуваат да ги трпат секој ден во ова земја.

Многу бели Канаѓани, пак, се помалку сигурни дека придонесот на Мекдоналд во канадската историја може да ги преживее многуте остри критики. Најмалку двајца активисти во Globe нѐ предупредуваат да не го оценуваме Сер Џон според „стандардите од 2017 година“, со смислено изедначување на злосторствата против човештвото со неговиот пропуст да праша било кого за тоа со која родова заменка преферира да му се обраќаат. Сета манипулација со „презентизмот“ е исклучително иронична, со оглед на крајниот недостаток на историскиот ангажман кај поголемиот дел на апологетите; зборовите „историски контекст" не се всушност карта за ослободување од вина на вашите проблематични миленици.

Одбраната на Џон А. Мекдоналд се разоткри. Постои инсистирање (понекогаш имплицитно, понекогаш експлицитно) дека занимавањето со првиот премиер е поради тоа да се доведе во прашање Канада, како да имаме крвен пакт со неговиот дух, та ако неговото име се отстрани од зградите или патиштата ќе доведе до исчезнување на земјата.

И ова е суштината на тоа прашање: ние не се занимаваме толку многу со историјата колку со митологијата – со Сер Џон А. Макдоналд, таткото на конфедерацијата, наместо со премиерот Мекдоналд, обичниот смртен човек. Се разбира, историјата - вистинската историја, конфузната историја, историја која ја вклучува и состојбата на домородното население за кое таа претходно беше глува - не е пожелна тука. Таа ја нарушува внимателно култивираната емоционална приврзаност што ја имаме кон оваа материја наречена „Канада“.

Националистичкото влијание и сериозната историја обично се исклучуваат. „Погрешната историјата е дел од нацијата“, сјајно примети Ернест Ренан, и секој обид таа да се исправи правилно делува наметливо и непријатно. Тешко е, ако искрено ја сакате Канада, да се соочите со многуте несакани аспекти; дупло повеќе кога тие го вклучуваат еден од најценетите херои во државата.

Затоа постои и тенденција потполно да се напушти дебатата, да се испрати Мекдоналд во мртвото минато и целосно да се одвои од живото присуство. (Ова беше пристап на Пјер Трудо.) Тоа исто така не функционира, бидејќи Канада е нераздвојна од Мекдоналд и другите основачи. Ние живееме во политички систем што тие го изградиле, а тие го изградиле за да ги исчистат првобитните жители на земјата за да се изнајдат патишта за железницата и автопатиштата и нафтоводите и сите други национални соништа на колонизаторот.

Нагодувањето со историјата е дел од помирувањето. Сериозниот приод кон помирувањето значи сериозно да се сфати Џон А. Мекдоналд: не како митолошка основачка фигура, дури ни како негативец, туку како човек чија далекусежна визија за Канада беше создадена со монструозна неправда која сѐ уште е во функција 150 години подоцна.

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ