• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 39
Ристо Лазаров16:34 03 септември 2017 ● Прочитано 1300

Како што се наближува денот на одржувањето на редовното годишно заседание на Обединетите нации, во Чешка растат нагаѓањата дали претседателот на оваа земја во Њујорк ќе има средба со Доналд Трамп. Никој, па ни Земан не ја крие таа желба чиешто остварување би имало и додатно значење: Земан тогаш би бил единствениот претседател на една држава кој во тековната година би се сретнал со тројцата најголеми светски лидери. Тој веќе имаше средби со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, со рускиот претседател Путин, а како што велат овдешните политички извори ќе му биде малку потешко да се види со Трамп во четири очи.

Сеедно, Земан ќе патува во Њујорк, а како што пишуваат овдешните весници, на Бродвеј ќе биде поскап од њујоршките ѕвезди. Бидејќи очекува средба со Трамп, овде се надеваат дека Земан нема (парем пред евентуалната средба) нема да приреди шок како пред две години, кога се појавил во еден ресторан на Менхетен, каде што, со вотка и со своите руски пријатели играл и пеел до зори.
Еден ден пред обраќањето на Генералното собрание на ОН, Земан ќе биде главен гостин на еврејската организација Algemeiner, при што ќе му биде врачена наградата "борец за вистината" што ја доделуваат влијателните еврејски организации. Кој ќе сака да го слушне обраќањето на Земан во живо, ќе мора да плати најмалку 800 долари, што е двојно повеќе од билетите за најдобрите места во Метрополитен операта.

Инаку, Земан уште пролетва сакаше да ја посети Белата куќа, но таа посета американскиот претседател ја одложи. Една од причините за тоа секако се „блиските средби" на Земан со кинескиот и рускиот претседател.

И додека Земан го турка својот њујоршки протокол зачинет со гламурозност, неговите земјаци моментно далеку повеќе ги интересираат изборите во соседна Германија, кои веќе се на прагот. А се наближуваат и чешките парламентарни избори.

Што се однесува до изборите во Германија, главно прашање е: кој ќе биде трет? Првите два кандидати за победник се веќе извесни: канцеларката Меркел и социјалдемократот Шулц. Веднаш следува пашањето: кој ќе бите третопласиран? За оваа позиција се борат Зелените, Либералите, а покрај ниц и посткомунистичката Левица и евроскептичната АФД (Алтернативна за Германија).

Интересно е дека, колку што наближуваат изборите, поддршката токму на оваа партија расте и постојано е над 10 отсто. Нејзините лидери тоа го постигнуваат со провокативни изјави. Алис Вејделова, на пример, во интервјуто за “Passauer Neue Presse" изјави дека Меркел не само што треба да се повлече од политиката, туку треба да биде изведена пред суд. Причина: актуелната шефица на германската влада последните години "постојано го гршки германското и европското право" а како конкретен пример се наведува постапката на канцеларката за спасување за спасување на еврозоната пред две години, како и тоа што со нејзината одлука од септември 2015 година за отворање на границите Германија добила илјадници бегалци. Повторно избраниот лидер на оваа пертија Александар Гауланд, од друга страна, ја зеде "на нишан" Ајдан Озогоузлу, пратеничка на СПД во Бундестагот, чиешто потекло е турско, но родена е во Германија, за која рече дека треба да биде "ликвидирана" во Анадолија. Уследи извинување, ама тешките зборови останаа.

Исто така, станува сè поочигледно дека и Либералите го избрале патот на провокациите. Нивниот водач Кристијан Линдер предложи - се сеќавате - Германија да го промени својот сегашен став спрема Русија. А Берлин изјави дека нема да ја признае сегашната ситуација во која Крим е дел на Руската федерација.

Зелените пак, кои исто така се борат за трето место, се свртеа кон тековните проблеми со дизел моторите и со скандалот на увезените јајца во коишто беа откриени инсектициди. Од летната маргина, се приближија до средиштето на изборната борба со барањето до 2030 година во Германија да се воведе целосна забрана на продажбата на возилата со мотори со цнатрешно согорување, како и со повикот за зголемување квалитетот на храната.

Иако 24 септември вртоглаво наближува, се добива впечаток дека овој пат сите не се баш доволно загреани за голема коалиција. Затоа и добива на важност прашањето која од помалите паритии ќе го заземе третото место, што ќе биде од голема важност при формирањето на новата германска влада.

Ако зад ЦДУ и СПД биде рангирана Алтернативата за Германија, се прогнозира дека тоа ќе создаде кова констелација во сегашната голема коалиција. Истовремено, АУ (националистичка германска работничка партија) би станала главна опозициона партија, што најверојатно ќе придонесе за нејзиниот натамошен раст. Од друга страна, ако Либералите бидат третопласирани, се зголемува веројатноста ЦДУ заедно со нив да формира нова влада. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ