• 24 септември 2017
  • Вести денес: 40
Плусинфо14:15 02 септември 2017 ● Прочитано 1395

Знамето на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ утре традиционално ќе се завее на највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб. Ваквата активност се одржува традиционално во пресрет на 8-ми септември и е со цел подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести и нивните семејства во секојдневниот живот. Знамето утре на врвот ќе го постават од ЗКП Кораб.

- Со изработка на регистарот и зголемување на финансиите во програмата за ретки болести во 2015 и 2016 година се овозможи набавка на над 29 лекови за над 15 различни дијагнози кои до сега беа недостапни за пациентите со ретки болести. Сѐ уште има потреба од други лекови за новорегистрирани пациенти и за нови лекови – вели претседателката на Здружението, Весна Алексовска.

Како такви таа ги посочува Фамилиална Амилоидна Полиневропатија (кој лек е итен затоа што ако не го примат пациентите наскоро потоа ќе биде доцна и нема да делува), Пулмонална фиброза, Спинална Мускулна Атрофија, Миелодиспластичен синдром, Душен Мускулна Дистрофија, одередни ретки ракови кои се без достапна терапија (Како Миелодиспластичен синдром, мултипен миелом и други).

- Тука се и лековите кои беа ветени од ФЗОМ уште 2016 година за Кронова болест и улцерозен колитис и кои сѐ уште не се набавени, тука е и потребата лични асистенти за лица со инвалидитет кои не може да се грижат самостојно за себе како лицата со АЛС – Лу Герик Синдро, аи важно е и згрижувањето на овие лица во подоцнежните фази од болеста во соодветни институции кое сега не е овозможено за лица кои треба да се на апарат за дишење континуирано – потенцира Алексовска.

Тие од ФЗОМ сѐ уште очекуваат и одобрување на рефундација за посебни завои и фластери за Епидермолисис Булоса, иако истите биле ветени уште во 2016 година во февруари. Од Здружението на граѓани за ретки болести ја споменуваат и важноста на добивање на дијагноза, за што сѐ уште не постои рефундација од ФЗОМ и бараат тоа набрзо да се оствари.

Апелираат и очекуваат од Министерството за здравство да имаат слух за потребите од итни набавни и недоцнење на набавките.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Супермаларијата“ во Азија му се заканува на човештвото

Истражувачите појаснуваат дека во последно време дошло до „кобен развој“ на опасниот паразит, кој покажува отпорност на лекото „артемисинин“.

Дроновите се помасовно во полза на медицинските услуги

Швајцарските болници во соработка со калифорниската компанија „Матернет" работат на систем од дронови кои ќе доставуваат медицинска помош.

УНИЦЕФ: Здравиот развој на малите деца е поддржан само во 15 земји

Шест месеци платено породилно отсуство и четири седмици платено отсуство за таткото, помагаат да се постави клучната основа за оптимален развој.

СЗО: Светот останува без ефикасни антибиотици, инфекциите сѐ поотпорни

СЗО предупредува дека нема доволно нови антибиотици, чиј развој е во тек, за да можат да се лекуваат најотпорните инфекции.

Поставена протеза на скрешеница на рамо што овозможува негова нормална функција

Оваа протеза ја менува природната анатомија на рамото и овозможува нормализирање на функцијата на оштетеното рамо.

НАЈЧИТАНИ