• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 39
Плусинфо18:39 01 септември 2017 ● Прочитано 5655

Ивица Дачиќ се закани дека официјално ќе го промени, за Србија, името на Македонија во Поранешна Југословенска Република Македонија, „како што ја нарекува целиот свет“, вели тој. Оваа второто не е точно, но навистина не е и премногу важно.

Ова, дека не е важно, или дека веќе не е важно, се чини дека му се промушна на министерот за надворешни работи (би било интересни да се знае дали ова е точно и за целото министерство и целата Влада, особено дали тоа е мислењето и на претседателката на Владата), пишува Владимир Глигоров во Нови магазин.

Зошто не е важно?

Првата причина е тоа што тоа е привремено име, кое новата македонска влада, колку што сум во состојба да разберам, беше подготвена да го прифати и како трајно. Нема потреба да се заморуваат читателите зошто ова име и за кого е привремено, што треба да биде познато на српското Министерство за надворешни работи, дека него го користат меѓународни организации, нешто повеќе од една третина од земјите во светот, и Грција, каде што тоа е најмалку важно. Е сега, новата македонска влада е, мислам, блиску да каже: Во ред, нека е тоа официјалното име на оваа земја која ние ја нарекуваме само Република Македонија, ајде да видиме како стојат работите со членство во Северноатлантската алијанса (НАТО) и со почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Друга причина, која исто така ја поддржува првата, е дека не е тешко да се забележи дека името Поранешна Југословенска Република Македонија се однесува на Македонија или, со други зборови, дека сето ова претходно кажано ја квалификува земјата која се вика Македонија.

И поради тоа на македонските власти и граѓаните би можело да им биде, а јас мислам дека треба да им биде, сеедно дали тие квалификации се, на пример Горна или Северна или Вардарска земја Македонија. Што е причина дека воопшто не е сигурно дека Грција е подготвена да прифати компромисно решение кое би го официјализирало привременото име како постојано. Иако би имало смисла и би било далековидно ако го стори тоа.

Затоа заканата на Дачиќ е задоцнета. Поранешната македонска влада ќе беше на мака ако требаше да ја прифати формализацијата на привременото име бидејќи национализмот беше нејзината идеолошка основа, но новата македонска влада не би требало да се спротивставува на тоа. Ако тоа ги нормализира односите со Грција, со што би се подобриле оние со Европската унија и со Атлантската алијанса. Земјите кои Македонија ја признаваат под тоа име едноставно го искажуваат ставот не за името, туку за политиката на условување со името, додека српската власт, ако го следи предлогот на министерот Дачиќ би изразила токму спротивен став за пожелноста и смисленоста на политиката на условување со името, на што би се свела таа надворешнополитичка мерка.

Поопшто, станува збор за смисленост на политика на замрзнати конфликти. Бидејќи, додуша во блага, значи дипломатска мерка, тоа е политика на условување со името.

Што е замрзнат конфликт?

Овде најчесто се зема како пример Кипар, со цел да се најде преседан за аналогна политика кон Косово. Но, неопходно е веднаш да се укаже на разликата. Имено, за меѓународната заедница кипарскиот конфликт е замрзнат, како што, повторно на дипломатско ниво, тоа е случај со спорот околу името на Македонија. Но тоа не е случај со Косово. Србија секако би можела да го официјализира тоа што и инаку е нејзина политика, имено дека спорот околу територијата на Косово за неа е замрзнат, но тоа не ја обврзува меѓународната заедница на начин кој ја обврзува замрзнатиот конфликтот на Кипар.

Сето ова станува уште појасно ако се разгледаат другите балкански замрзнати конфликти, на пример оние од распадот на Југославија до денес. На пример, спорот околу териториите во Хрватска беше еден вид замрзнат конфликт сличен на кипарскиот - тој беше таков за меѓународната заедница. Се разбира, тоа подразбира дека земјата на чија територија е тој конфликт може со сила да ја поврати во колку тоа не може да го постигне со преговори. Што се случи. Ова не е исто во случајот со Косово.

Оние кои ја предлагаат политиката на замрзнат конфликт во Косово тргнуваат од претпоставката дека со тоа ќе се зачува правото таа територија да се врати во некој момент со сила, според хрватскиот пример. Но тоа во никој случај не е меѓународниот статус на Косово.

Без оглед на толкувањето на Резолуцијата 1244, јасно е дека таа не остава можност за решавање на територијалниот спор со сила. Што е причина за пропаѓање на политиката на сила во северно Косово. Додека, да речеме, тоа не би било случај со јужна Србија. Во овој последниот случај, станува зборот всушност за конфликт кој ги има елементите на замрзнатост, но јасно е дека станува збор за внатрешно прашање на државата Србија.

Замрзнати конфликти, меѓународни или внатрешни, настануваат по неуспешни сецесии или анексии. И се решаваат или со заеднички договор или со сила.

На крајот да го земеме примерот на Босна и Херцеговина, каде што со меѓународна интервенција е спречена анексијата на делови од територијата на оваа земја. Тоа што настана е збир на неформални замрзнати конфликти, кои тоа формално не се, и за самата земја и за меѓународната заедница, поради тоа што земјата има устав и меѓународен субјективитет. Тие конфликти би станале формално замрзнати ако Србија се обиде да анектира делови од таа територија или, спротивно на Уставот, би имало обид за отцепување.

И тоа би биле конфликти кои би биле замрзнати од меѓународната заедница налик на оние во Хрватска или на тој во Кипар.

Заканата за промена на односот кон името на земјата се базира делумно на грешката дека може да се води политика на замрзнат конфликт кон Косово и кон земјите што го признаваат и соработуваат со него како тој конфликт да го замрзнала меѓународната заедница, иако тоа не го сторила. Без оглед на фактот дека таа закана е задоцнета, таа не соодветствува со состојбата бидејќи додека може да се заканува на Македонија, а се споменува и Црна Гора, иако главно на сопствен трошок, тоа нема смисла како однос кон меѓународната заедница.

 

Подготви: А.Ј.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ