• 24 септември 2017
  • Вести денес: 41
Плусинфо09:54 24 август 2017 ● Прочитано 3435

Ако болни грчеви и точкасто крвавење се појават за време на овулацијата, а не се вообичаени во менструалниот циклус кај жените, тоа може да укаже на цисти на јајчниците, воспаление на јајчниците или на грлото на матката, полипи на матката, кламидија.

Според зборовите на гинеколозите, секоја жена има различни сигнали на овулација, но невообичаените симптоми може да укажат на постоење на медицински проблем.

– Болките во долниот дел на стомакот, точкастото крвавење, зголемената температура за половина до еден Целзиусов степен, напнатоста во дојките, белузлавиот и слузавиот секрет кај некои жени, се вообичаени сигнали на овулација. Ако овие симптоми се јават кај жените кои инаку ги немаат, во текот на овулацијата или во кој било друг период на менструалниот циклус, тие би требало да посетат гинеколог – вели доктор Светлана Цвијановиќ.

Поради високите нивоа на хормони токму во времето на овулација, сите гинеколошки проблеми се поинтензивни и во тој период може најлесно да се почувствуваат. Така, на пример, ако постои ендометриоза, јазлите кои се наоѓаат на јајчниците, јајцеводите и внатрешноста на карлицата, се многу чувствителни на хормонските промени до кои доаѓа во текот на секој менструален циклус, и тоа предизвикува болка.

И жените кои се пораѓале со царски рез, или имаат лузни од поранешни воспаленија на јајчниците, можат да почувствуваат болки во јајчниците во текот на овулацијата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Супермаларијата“ во Азија му се заканува на човештвото

Истражувачите појаснуваат дека во последно време дошло до „кобен развој“ на опасниот паразит, кој покажува отпорност на лекото „артемисинин“.

Дроновите се помасовно во полза на медицинските услуги

Швајцарските болници во соработка со калифорниската компанија „Матернет" работат на систем од дронови кои ќе доставуваат медицинска помош.

УНИЦЕФ: Здравиот развој на малите деца е поддржан само во 15 земји

Шест месеци платено породилно отсуство и четири седмици платено отсуство за таткото, помагаат да се постави клучната основа за оптимален развој.

СЗО: Светот останува без ефикасни антибиотици, инфекциите сѐ поотпорни

СЗО предупредува дека нема доволно нови антибиотици, чиј развој е во тек, за да можат да се лекуваат најотпорните инфекции.

Поставена протеза на скрешеница на рамо што овозможува негова нормална функција

Оваа протеза ја менува природната анатомија на рамото и овозможува нормализирање на функцијата на оштетеното рамо.

НАЈЧИТАНИ