• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3

Ванчо Чавдарски


Институциите го заборавија маестро Чавдарски

Деновиве пребарувајќи по мојата архива некои документи, наидов на една фотографија со маестро Ванчо Чавдарски, од моето гостување во Сеул каде што настапив на Интернационалниот Сеул фестивал 1998 год. на два концерта и одржав семинар по Обоа на музичката академија во Сеул и се израдував многу, но и се натажив за тоа колку сме неодговорни.

Почитуваниот маестро патуваше повеќе од 1.000 километри за да присуствува на мојот концерт и секако потоа да се видиме. Информацијата за моето гостување ја дознал прегледувајќи ја програмата на фестивалот. Беше неопислива пријателска средба со Големиот маестро, расположен и ведар, прашувајќи ме за случувањата во Македонија и секако за состојбите во културата кај нас. Низ разговорот и моето прашање кога ќе го видиме во Македонија, изрази желба да настапи со Македонската Филхармонија следната година за да го прослави својот 70-годишен роденден и 40 години уметничка дејност и ме замоли да го пренесам тоа до управата на Филхармонија што по враќањето и го сторив, но за жал ова гостување не се оствари, причините не ми се познати.

Деновиве се навршуваат 15 години од заминувањето на великиот Маестро Ванчо Чавдарски, кој почина на 8 декември 2001 година, во Бризбејн, Австралија.

Роден е во Владимирово, Беровско 1930 година. Средно музичко училиште учи во Скопје, а потоа продолжува на Белградската академија, диригирање во класата на проф. Ж. Здравковиќ, а подоцна специјализира во Германија и во САД, како стипендист. Во периодот 1960-1970 год., тој е диригент во Операта при МНТ, на чија сцена постави бројни оперски дела, а воедно од 1965-1970 год. е директор на Македонска филхармонија. Од 1970 година со успех настапува во странство со постојани ангажмани во Австралија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Тасманија, а гостува и во САД, Венецуела, Италија, Шпанија итн.

Во 1982 година е именуван за шеф диригент на Симфонискиот оркестар на РТВ Белград, а подоцна работи во Англија и повторно во Македонија, во Операта при МНТ. Во периодот од 1994-2001 е почесен професор на Јужнокорејскиот Конзерваториум во Сеул.

Реализирал обемен симфониски и оперски репертоар (Аида, Бал под маски, Грабнување од Сарајот, Палјачи, Севилски берберин, Веселата вдовица, како и балетите Жар птица, Вибрации, Жизел итн.)

За својата диригентска уметност, маестро Чавдарски е носител на бројни домашни и странски награди, меѓу кои медалот „Жан Филип Рамо“ на градот Дижон-Франција. Диригирал со врвни европски и светски оркестри и на сите континенти, остварувајќи врвни резултати.

Резимирајќи ги музичките дострели на маестро Ванчо Чавдарски и неговиот придонес во музичката култура, на преминот во нашиот век во Македонија и надвор од неа, можеме со задоволство да кажеме дека сме горди на неговата умешност и кариера, а неговото име го прослави името на Република Македонија насекаде низ светот. А ние? Што направивме ние? Нашите институции во кој долги години работеше маестро Чавдарски, го оставија на времето на заборавот. Дали ќе се сетат да направат нешто, макар и симболично, за да се потсетиме на Великиот маестро Чавдарски кој не задолжи многу. Времето ќе покаже, наше е да ги почитуваме овие високи вредности, за да не заборавиме кои сме!

м-р Васил Атанасов,

музички уметник - обоист 

 

Славете го животот на Вашите најмили

Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот.

Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: [email protected], телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).

НАЈЧИТАНИ