• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4

Светлана Антоновска


(1952-2016)

Изминуваат четириесет дена

Изминуваат четириесет дена од физичкото заминување на истакнатиот општественик, статистичар и долгогодишен носител на повеќе општествено-политички функции Светлана Антоновска (1952-2016) – основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија и прв директор на Државниот завод за статистика по осамостојувањето на земјата.

По тој повод, на 15 ноември 2016 година (вторник), нејзините најблиски, колегите, соработниците, почитувачите на нејзиниот лик и дело и нејзините пријатели ќе ѝ оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на нејзиниот вечен дом на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. На церемонијата, беседи за ликот и делото на Антоновска и за нејзиното значење за поновата македонска историја ќе одржат неколкумина нејзини колеги, соработници и почитувачи – значајни личности од македонскиот општествен и политички живот.

Антоновска, на почетокот на својата работна кариера извршува повеќе општествени функции во Република Македонија, со кои дава значаен придонес за промовирање на научната мисла меѓу младите, а веднаш по осамостојувањето на земјата, со целосна одговорност го презема предизвикот за трансформација и осовременување на македонската статистика и нејзино вклучување во европското семејство на статистички организации. За кратко време успева Заводот да го вклучи во повеќе меѓународни и европски статистички институции.

Нејзиниот ангажман е од пресудно значење за обезбедување статистички податоци за Република Македонија, во најтурбулентните времиња на поновата македонска историја. Под нејзино раководство, Државниот завод за статистика го спроведе и првиот Попис на населението, домаќинствата и становите во самостојна Република Македонија, а во 1996 година, институцијата се вклучи во програмата Phare, по што се издвои и како институција којашто во својата работа ги имплементира стандардите за работа на институции на земји-членки на ЕУ.

Како статистичар, покрај извршувањето на својата раководна функција до 1997 година и во периодот од 1998 до 2001 година, Антоновска беше активен пропагатор и основоположник на унапредувањето на статистичката методологија во Република Македонија, како и за имплементирање на стандардите, класификациите и номенклатурите кои се применуваат во статистичките истражувања во Европа и во светот.

Има објавено голем број научни трудови од областа на статистиката, а беше и член на Меѓународниот институт за статистика, Конференцијата на европски статистичари, Асоцијацијата на балкански статистичари, Меѓународната асоцијација за статистичари за истражувања, Меѓународната организација на официјалната статистика, основач е на Здружението на статистичари на Република Македонија.

Одговорни функции извршуваше и во Државниот завод за ревизија и во Народната банка на Република Македонија.
За својот придонес во статистиката во земјава и на меѓународен план, добитник е на голем број меѓународни признанија, одликувања и ордени, со коишто несомнено се издвојува како меѓународно најнаградуван статистичар од Република Македонија, што говори и за нејзиниот висок углед пред меѓународната стручна и научна јавност.

Како што неодамна, на погребот на нејзините посмртни останки истакна и Васил Тупурковски, Антоновска беше, е и ќе остане пример за модел на општествено одговорна личност којашто може, знае и сака да придонесе за унапредување и развој на македонското општество и на земјава.

 

Славете го животот на Вашите најмили

Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот.

Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: [email protected], телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).

НАЈЧИТАНИ