• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 71

После мојот пост на фејсбук страната на Скопскиот џез фестивал, објавен пред и по повод саботната прес-конференција на Министерството за култура за Годишната програма со резултатите од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 и дводневното нејзино читање, да одговорам на сопствените дилеми и прашања од тој текст.

Тоа што неработен ден е избран за прес-конференцијата и не е нешто посебно. Но, подобро ќе беше пресот да се одржи во саботата длабоко по полноќ (ако болеста за себепромоција стигнала до неизлечивост Министерството ќе донесеше свои камери). А Брлогот наречен Годишна програма воопшто да не се објавуваше на веб-страна или било каде. Заедно со Жабарникот со побарани и доделени суми за аплицираните проекти, во кој се прпелкаат бројни збунети очиња.

Транспарентност? Не. Објавувањето на Брлогот и Жабарникот не го сметам за транспарентност, ниту само за бесрамност, туку за невидена дрскост со обид демонстрација на сила и моќ, во кои лагата е најсилното (дали кај нас сѐ уште несовладиво оружје?).

Најнапред, Брлогот (Годишната програма на Алаѓозовски) во некои делови веројатно излегува од овластувањата на Министерството според Законот за Влада, а засигурно се судира со Законот за култура и дејностите во него. Еден европски Прибе експерт за култура лесно би го потврдил тоа, заедно со разидувањето со европските пракси, а би скренал внимание и предупредил и на одредби од други наши закони, за несовесност во работењето и злоупотреба на службената должност. Малку би го интересирало тој Прибе дилетантизмот и сознанието дека Брлогот и Жабарникот пристигнале од Детска градинка.

Нема дилема дека Годишната програма и порано сакала да се додворува на што повеќе корисници, со крајна цел прибирање повеќе изборни гласови (потврдено како бумеранг). Со последица - надвладување на квантитетот, а не квалитетот. Уравниловка која раѓа незадоволство кај мнозинството. И популизам кој поради бројноста на потенцијалните консументи им дава повластен статус на музичките уметници (и забавувачите“), макар и за нешто повеќе мрвички, наспроти ликовните уметници, поетите, писателите и сите останати. Популизмот, знаеме, беше типичен за претходното Министерство, со таа разлика што најголемиот број проекти кои излегуваа од дејностите или од суштината и вредносните системи на дејностите во културата не се наоѓаа во Годишните програми, тие скриено се реализираа „во тек“, во програмите дури немаше ниту едно парче од Скопје 2014!

Но, со Брлогот и Жабарникот на Алаѓозовски, со рекордниот број прифатени таквите споменати проекти, се разбира, без вредносен филтер и основни конкурсни критериуми, сегашнoто Министерство за култура ги доведе популизмот и уравниловката до совршенство. Не забележувам дека Министерството за култура жали за изневерените очекувања. И дека е свесно, еве еден пример, дека уште сега е огромно незадоволството токму онаму каде што тоа најмногу ветуваше, кај таканаречените независни културни дејци. И не само кај нив.

Многу од „проектите“ во Брлогот и Жабарникот, освен кај последните две Министерства за култура, ни случајно не можеа да се најдат кај претходните, во оние на Баге, Ганка, Унко, Димитров, Ештреф, Ѓунер, Цветан. Наједноставно кажано, шокантно делува енормната бројка на проекти кои со ништо не придонесуваат за културата во државата и кои во старт требале да бидат отфрлени, а не „разгледувани“ и прифатени, голем дел од нив и вон дејностите пропишани во Законот за култура на РМ. Некултура за секого?

Како да излеземе од Брлогот и Жабарникот? Никако. Единствено останува да им дадеме легитимитет – со преименување на Министерството за култура. Во: МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА, ПОПУЛИЗАМ, ЕСТРАДА, ЗАБАВА, ФЕСТИВАЛЧИЊА, МАСКЕНБАЛИ И ТУРИСТИЧКИ ПАТУВАЊА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ