• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0

Импресивен е изборот на хистерични теми на кои човек би можел да се осврне деновиве. Можеме, ако сакате, по илјадити пат да се масираме за спорот со името: мислам дека сѐ упатува на тоа дека Македонците, губејќи го името, неповратно ќе го загубат и својот столетен идентитет, еден од најстарите во регионов…
Ако имате желба да додадеме и малку сол на таа отворена, неизлечива, мортална рана, мораме да се осврнеме на тукушто усвоениот Закон за јазици, со кој албанскиот јазик, во догледна иднина, ќе го прегази македонскиот и ќе стави уште една точка – по губењето на името – на опстанокот на македонскиот идентитет и на македонската нација…

МПЦ-БПЦ и договорот со Бугарија? Тоа е крај на децениската борба за посебноста на македонската нација на Балканот…

Дополнително, не може да се избегне темата за тоа дека искрени патриоти и возвишени родољуби, токму заради напорот да го спречат ваквиот развој на настаните, денеска невини гнијат во македонските зандани, обвинети во политички процеси за дела кои немаат врска со тероризам и насилства, туку се резултат на желбата на владејачката предавничка хунта да ги замолчи, да ги отстрани од јавната сцена, додека се спроведуваат претходно опишаните подли сценарија за дефинитивното губење на името, на јазикот, на верата на Македонците…

И така натаму.

Општо земено, тезата е дека Македонците неповратно го губат својот национален идентитет, правејќи компромиси за да влезат во времени политички сојузи (ЕУ, НАТО) кои, како и сите политички сојузи во историјата, еден ден ќе ги снема. Но, кога тие ќе исчезнат, нема да може да се поврати сега компромисно истргуваниот национален идентитет за сметка на нејасните, па и неважни евро-атлантски интегративни придобивки, ако е идентитетот цената што мора да се плати.

Тоа е таа линија на размислување, цврста и консеквентна во својот светоглед.

Мене, пак, напротив, ми се чини дека историјата е преполна, речиси како по правило, со примери на „нации“ – еден историски релативно нов политички концепт – кои не ги снемувало затоа што некој им го украл или им го негирал идентитетот; туку затоа што останувале на маргините на историските економски, социјални, безбедносни развои, исклучени од модерните технолошки трендови, во кои социјализацијата и општествената кохезија многу повеќе зависеле од социо-економската просперитетност на заедниците, отколку од тоа на кој јазик зборувале, на кој начин се молеле или како биле ословувани од други. Всушност, би можело да се тврди дека националниот идентитет, односно културата, во една поширока агрегатна состојба, самата „венела“ до исушување, токму заради пропуштените историски можности да се фати приклучок на страната на прогресот и општествената добробит.

Да бидам приземно илустративен, добриот здравствен и образовен систем, на пример, ми се чинат како многу поважни за севкупната перспектива на нашите деца, од тоа кое е името на државата што ќе им стои во нивниот пасош. Фактички, половина македонско население токму заради тоа е во трка по туѓи пасоши, чии држави географски ги делат и цели океани од нивната (веќе, некогашна) татковина Македонија! А, таму заминати, јазикот што тие, сега, уште го говорат, секако ќе биде заборавен од нивната следна генерација.

Ова се дилемите – количеството на просперитет, наспроти количеството на идентитет – коишто ќе ги расчистуваме во наредните месеци, ако дојдеме во ситуација, по пат на одредени политички компромиси, да ни се отворат вратите за осојузување со развиените евро-атлантски заедници. Не велам дека сите кои имаат различно мислење од моето се простаци или глупаци; напротив, сигурен сум дека и нивната грижа за себе и за своите наредни поколенија е исто толку искрена и совесна како и мојата.

Но, треба да се биде свесен дека некои историски ситуации за донесување важни одлуки се како коњи во полн трк, кои или ќе се обидеш да ги зајаваш кога поминуваат покрај тебе, или ќе го чекаш наредниот круг кој може да биде по дваесет или педесет години, а можеби и никогаш повторно.

Ете, мојата генерација го чека овој круг веќе 27 години… Некако, не се чувствувам помлад, а секако не попросперитетен, заради тие изминати лета.

 

извор: Цивил медиа

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Писма од Лондон: Фул Инглиш

Со индустриската револуција, Фул Инглиш стана достапен и за работничката класа која имаше два оброка дневно, со една разлика – стана прв, а големото количество калории и маснотии „ги држеа“ работниците сити цел ден.

Нашата мера се нашите тракатанци

Кај нас најмногу се произведува лупетање околу приказните за идентитетот, самобитноста, сувереноста, верата и нацијата, за нашата единственост во вселената: таквото лупетање владее онаму каде ништо друго и нема.

Македонски мазохизам

Арифи е во право, нема да поминат ниту десет години пред да почнеме да се срамиме од ставовите што денеска ги застапуваат професорките.

Грујо и златниот вардарски клен

Ние земавме со бел фекален експандиран полистирен го покривме и го префасадиравме нашиот модерен, просветен и еманципиран интернационалистички идентитет и го заменивме со лажен, ретрограден, профашистички мит за „крвта и земјата македонска“

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

НАЈЧИТАНИ