• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 102

Дебатата за спорот за името во Атина влегува во крајно чувствителна фаза – се предлагаат имиња, се заговара ваков или онаков опфат на компромисното решение, се пласираат максималистички позиции, се шпекулира за тоа што е подготвено Скопје да прифати... Тоа значи дека наскоро треба да се очекува нов предлог од Нимиц.

Паралелно со ова, во Скопје веќе се крева одиум кон Зоран Заев, кон човекот што донесе цврста политичка одлука со компромис да го затвори долгогодишниот спор, кој засега е непремостлива пречка Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Имам впечаток дека на премиерот му недостасува поддршка од неговите најблиски соработници, од партиските другари и од јавните личности што му се наклонети. Зборувам за поддршка во форма на аргументирана одбрана на идејата за компромис, кој бездруго не смее да го засегне нашиот идентитет, но сепак ќе биде удар врз нашето национално достоинство. Удар што ќе мора да се издржи, во име на иднината на државата и на нацијата.

Некои велат дека сите активности се добро испланирани и дека во клучниот момент зад Заев, во борбата за решение на спорот, ќе тргне неколкуилајдна поворка на министри, партиски другари, шарени и попарени револуционери, експерти за пи-ар, благонадежни интелектуалци и новинари. Ај да го видиме и тоа чудо! Само едно, ве молам, не спомнувајте референдум за името. Ако се мисли на таква процесија, барам веднаш да се заборави таа идеја.

Зошто? Затоа што референдум за името во Македонија значи и референдум за името во Грција. Во Македонија не знам, ама во Грција никогаш нема да помине. Тоа значи нема компромис, нема решение, нова блокада. Владата во Скопје ќе биде таа што со компромис ќе го реши спорот, а референдум може да има само за прашањето дали Македонија сака да биде членка на НАТО и на ЕУ.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ