• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109

Употребата на јазиците и прашањата поврзани со нивниот статус насекаде поттикнуваат силни чувства, што е сосем природно и разбирливо со оглед на фактот дека јазикот е суштински дел на идентитетот. Кон ЕУ, во чии рамки се во употреба 24 официјални јазици, често се упатуваат критики дека мора да направи повеќе во интерес на засилување на поддршката и финансирање на иницијативите за заштита на јазиците на малцинствата. Меѓу другото, во духот на принципите поврзани со политиката на заштита на човековите јазични права и меѓународно усвоената терминологија во Европската повелба за регионални и малцински јазици, која е во сила од 1998 година.

Една студија посветена на оваа проблематика поврзана со механизмите и инструментите за заштита на малцинските јазици, но во контекстот на кандидатскиот статус и потенцијалното членство во ЕУ, се чини мошне податлива и интересна во актуелниов миг на заострената дебата за предлог Законот за употреба на јазиците во Македонија. Станува збор за истражување спроведено од страна на шведската Висока школа „Даларна“, со цел да се анализираат ефектите од т.н. кондиционална политика на ЕУ, (политика на условување), во однос на правата на малцинставата во земји со кандидатски статус или земји со амбиција да станат полноправни членки на ЕУ. Смислата на споменатата кондиционална политика на ЕУ не е ништо друго освен идното членство да биде условено со извесен број критериуми кои земјите кандидати мора да ги исполнат, меѓу другото и кога станува збор за не-дискриминацијата и заштитата на малцинските права.

Резултатите од студијата се презентирани пред неколку години а го опфаќаат периодот 2003-2010 година. Фокусот е ставен врз посткомунистички европски земји кои биле инволвирани во насилни етнички конфликти и кои имаат големи етнички малцинства на своите територии. Истражувањето било базирано врз рационален теоретски модел со цел да се објасни дали временската дистанца до потенцијалното ЕУ-членство влијае на законодавството во однос на малцинските права во земјите кои биле предмет на студијата, меѓу другото и кога станува збор за употребата на малцинските јазици во официјален контекст и за јазичните права на етничките малцинства во образованието. Хипотезата која е проверувана во истражувачкиот модел е дека колку што било пократко времето до приемот во членството на ЕУ дотолку е поголема веројатноста дека државата развила високо законодавно ниво во областа на заштитата на малцинските јазици. Земјите опфатени со студијата се поделени во три групи, зависно од нивната проценета временска оддалеченост од потенцијалното ЕУ-членство. Во тој период, (2003-2010), во првата група најблиску до членството во ЕУ биле Хрватска и Македонија, а во втората група Србија, Босна и Косово. Најдалеку, од аспект на временската дистанца до можен прием во членството на ЕУ се наоѓале земји во третата група – Молдавија, Грузија и Азербаџан.

Интересен заклучок е дека во споменатиот седумгодишен период на истражување е забележана директна врска меѓу временската оддалечност на одделени земји од приемот во ЕУ и нивната подготвеност да го унапредат законодавството, покажувајќи волја да ја почитуваат политиката на условување од страна на ЕУ, и тоа пред се кога е во прашање не-дискриминација на најширок план, но не и кога станува збор за користењето на малцинските јазици во официјален контекст.

Според мислењето на авторката на студијата Ана Паркхаус, тоа би можело да се протолкува така што во споменатите земји опфатени со истражувањето на посткомунистичките конфликти и поствоени искуства „се поаѓа од претпоставката дека се веќе донесени одлуки и е утврдено нивото на малцинските права во мировните договори кои уследија по војните на Балканот“, вклучувајќи го, се разбира, и Охридскиот рамковен договор.

Но позитивните аспекти во зголемените и проширени права на етничките малцински групи теоретски би можеле да имаат и спротивен ефект, при што како еден од важните заклучоци во шведската студија се сугерира дека во иднина тоа всушност би можело да води кон тенденции на отцепување на одделени етнички групи, а со тоа и до нови конфликти и судири.

Според регулативата на ЕУ, секоја земја кандидат специфизира пред стапувањето во членство на кои јазици сака да им даде официјален статус. Преку 60 јазици на малцинства се зборуваат во рамки на ЕУ, од страна на околу 40 милиони луѓе. Во основа не е присутна некаква посебна дилема дека Европската повелба за регионални и малцински јазици, која мошне често е предмет на различни толкувања и полемки, се темели врз сознанието за потребата да се даде придонес кон натамошниот развој на културното богатство, јазичната разновидност и традициите. Но критичарите неретко го потенцираат и фактот дека целта и смислата на оваа повелба, (која Македонија ја има потпишано но сѐ уште не и ратификувано), не е – и не може да биде поддржување на малцинските јазици и унапредување на нивниот статус на штета на официјалните јазици во земјите потписнички.


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

„Пресудата“

Од сите објавени фотографии и видеа од настанот, јасно се гледа јас физички не се пресметувам со никого, стојам и го издржувам нападот. Во таа смисла и во тој дел, соопштението на СЕММ, ако се однесува на мене, е клеветничко.

Гласајте за Коце

Коце не е авантурист. Тој оди на сигурно. За трамвајот не мрдна. И подобро што е така, велат злобниците. Знаејќи го каков е растрошен со туѓи пари, којзнае колку ќе не чинеше. Затоа гласајте за Коце, со него сигурно ќе се враќаме назад.

Бојата на глупоста

Кучешки некои времиња, друже бојосан Геро. Дон Геро.

Што ја прави нацијата силна?

Историјата е полна со примери на нации што биле, или се, малубројни, но нивните големи жени и мажи ги издигнале тие нации до олимписки височини и им обезбедиле просперитет.

Далмеида

Деновиве, во Република Македонија престојува едно од водечките европски имиња кои се занимаваат со светската манипулација и пропаганда.

Макијавели за напредни

Мислам дека е важно да не се откажеме набрзина од анализирањето на нашата неодамна падната диктатура и на постапките на нашиот мал диктатор кој сега седи уплашен во големата бела зграда.

Лажи Анѓо!

Прилог кон дебатата за амнестиите и помилувањата од затвореник кој за идеите за самостојна и суверена Македонија одлежа 12 години, а неговото барање за помилување беше отфрлено со лажни обвинувања за „шпионажа“.

Промоции

Какви се тие промоции на книги на кои нема да се продаде ни еден примерок, или изложбите на слики на кои нема да биде купено ни едно дело. Ако досега се обезбедуваше присуство со коктели, сега ќе мора тоа да се прави и со хонорари.

Арамиско гнездо

Дали, по тешката деценија низ која минавме, сега треба да очекуваме години на преџвакување на преживеаното? Преџвакување без заклучница.

Подарок за вечност

На пример онаа певицана, со само петнаесетгодишен стаж на сцената, навистина ли верува дека дала „исклучителен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста на Република Македонија.

НАЈЧИТАНИ