• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 34

Интелектуалец се станува со три факултети: на дедо ти, на татко ти и твојот.

Знам дека ова е една политички некоректна, мачо-досетка (бидејќи и бабите и мајките можат да имаат факултетско образование), но поентата е дека се потребни неколку генерации за да се постигне одредено ниво на образовен, културен и интелектуален интегритет којшто, кога е во доволни општествени количества, би се „прелеал“ во некаков вид критичка, ангажирана демократска јавност. Да не бидам погрешно сфатен: да се биде интелектуалец (односно, да се има факултетска диплома, за почеток!) не е никаква гаранција дека некој ќе биде добар човек и доблесен член на општеството – познавам безброј прекрасни луѓе без формирано високо образование – но, природна е таа родителска, па и општествената амбиција на помладите генерации да им се овозможи таков образовен успех што, можеби, ќе им го олесни професионалниот и општествениот статус во животот. Да речеме.

Зборот ми е, сферата на образованието, особено високото, доаѓа како „крем“ во развојот на општеството и тоа не може да се постигне на помасовно ниво со просто прерипнување на некои претходни, а неопходни услови, какви што се општиот социјален и економски развој на државата. Да не правам дигресии со социо-инженерските проекти на претходната власт, која се занесуваше со идејата за сто-отстотно запишување на средношколците во Македонија на факултет или со отворањето на десетици дисперзирани студии низ македонските паланки, за да се создаде гласачка партиска клиентела и на илјадници да им се овозможат – знаеме на кој сè начин – формални квалификации за работа во државната администрација.

Од последиците од ваквите политики долго ќе закрепнуваме.
Но, мене друга ми е намерата: да ги потсетам главно Македонците, етничките, дека Македонија оствари „светлосен скок“ во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век благодарејќи ѝ на југословенската комунистичка стратегија за асиметричен развој на неразвиените подрачја во бившата југословенска федерација, кога северните југословенски републики се согласија диспропорционално да се дели југословенскиот буџет (парите! – за што подоцна се основа и сојузен Фонд за неразвиени подрачја, ФНП), за јужните делови од државата Југославија да добијат побрза шанса за сопствен развој, за доброто на сејугословенскиот општествен просперитет. И така бидна! Како мислите дека Македонија по Втората светска војна, од една рурална, заостаната и, што велат, од Бога заборавена земја, доби пристојни патишта, здравство, образовен систем, земјоделие… Објективно, за неколку децении рипнавме стотина години заостаток.

Слична е идејата која е во основата на денешното политичко барање на етничкиот албански фактор во Македонија – да, содржана и во „Тиранската платформа“ – државниот буџет да почне да се дистрибуира со поголемо чувство на целата општествена заедница (читај: Македонците) за редистрибуција на заедничките пари кон средините во кои живее мнозинство од етнички Албанци. Добро, не велам дека во тие барања нема и нестрпливост и претерувања – ми вели еден пријател, Албанец: „Моиве немаат поим какви се патиштата или мрежите за водовод и канализација низ Источна Македонија, мислат дека таму којзнае колку подобро се живее отколку во Западна Македонија!“ – но простор за корекции има, и тоа не само по етничко-географска основа, туку со едно генерално преиспитување на урбано-руралната или социјалната мапа на Македонија. Па, мислам, срамота е што во 2017 година главна вест низ домашните медиуми е фактот што во Шутка почнал да работи гинеколог!

Затоа и го поддржувам Кочо Анѓушев кога, во името на целата влада, пред некој ден зборуваше дека тие проблеми на нерамномерен развој во државата оваа власт мора да ги адресира и да предложи решенија. Во тоа да се бараат некакви „скриени“ политички агенди, значи да си ја сечеме гранката на која сите заедно седиме.

Само, штета е што оваа важна тема се поклопува со разни други предизборни националистички манипулации – од становите за бегалците, до тоа дека во Берово сите ќе зборувале албански – па не може да го добие заслуженото внимание и смиреност со која треба да се расправа.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Langsam, господине Заев

Langsam, господин Заев, во вашата демонстрација на добра волја. Langsam, langsam über alles.

Пиарчење

Никако не е во ред владините пи-ар служби да служат за вработување партиски кадри, „шарени револуционери“, „фејсбук активисти“ и други „заслужни“ по која било основа. Крајно време е Заев да ја слушне вистината и да заведе ред и поредок.

Неуморниот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ

Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ е внимателен и буде, што покажува дека агитпроп апаратот на ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште во добра кондиција, иако многу конфузен, но тоа не е новост.

Законот за јазиците да се одложи за најмалку три години

Треба да се одложи додека не се постигне граѓанска еднаквост на социјален план, односно додека апсолутното мнозинство граѓани од сите етнички заедници не изградат платформа за хармоничен соживот.

Последните алатурка и алафранга дилеми во Македонија

Алатурка е скоро заборавен италијански израз од последното столетие , и се однесува на моделот, видот на облеката, музиката, храната, општественото уредување, мерењето на времето... Западното е алафранга, источното е алатурка.

БПЦ нема да влезе во раскол заради МПЦ

Прашањето на спорот меѓу МПЦ и СПЦ, сепак, ќе се решава со добра волја и со консензус на сите православни цркви, при што водечки збор, се разбира, ќе имаат највлијателните. Бугарската, сепак, не е меѓу нив.

Слуги на структурите

Сигурно никој не верува дека конакот во с. Согле и некои други ситни поправки и приправки чинат фантастични 11 милиони евра.

Да не го мести некој струмичанецот?

Можеби, оваа изненадувачка црквена екскурзија е токму поради тоа, што некој е вознемирен што евроатлантската приказна ни врви толку добро? Затоа и си мислам дека некој му го мести на струмичанецот.

Крстовите!

Да се преиспита кои железни крстови се нелегално подигнати, без одлагање да бидат демонтирани и продадени како старо железо, а парите да им бидат поделени за школување на децата без родители, без разлика на верска или национална припадност

Апсурдистанци од Македонија

Територијата на РМ ќе биде постојано под будното око на авионите на Алијансата, а Алијансата од своја страна ќе остане и најкредибилниот гарант на македонските граници, територијалниот суверенитет и интегритетот на државата.

НАЈЧИТАНИ