• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4

Некако, сè почнува од музиката. И сега, цртаниот футуристички филм е поттикнат од еден музички објект кој симболично претходеше на Среќна Нова 2014, кој уште не е завршен, а отворен, а парите неплатени, па ќе бидат платени во буџетот од следната година (15 милиончиња, оваа година само сто илјадарки) – галиматијас кој е уште позаврзан од оној за јазикот за кој овие денови наголемо се расправаат и стручните и нестручните лица.

Три години пена ми фати устата да им објаснам на студентите на часовите по социологија на музиката дека културата е феномен кој го диктираат економските параметри, па дури после доаѓа сè друго. Пет објекти на стотина метри растојание (од оној со ѕидo ногу крив, до МОБ кој барем да беше мафијашки, и меѓу нив два столбови на нашето митолошко минато во вид на музеи, а на крајот соборниот храм на музиката, Филхармонијата) се премногу товар и за нашето трпеливо национално животно, магарето.

Не знам како ќе го издржи сето ова културното министерство кое веќе ми наликува на црковeн глушец (очигледно штом нема пари да ги плати долговите оваа година), од кој бериќет очекуваат сигурно неколку десетини илјади усти во најризичниот сектор во капитализмот (во социјализмот имавме добро наранети стаорци, нешто што зачудувачки повторно профункционира и во последнава деценија). Во земја во која и не знаеме колку точно има жители, во која 50% се под нивото на доход од 212 единици на западната валута во која сè мериме, 70% под 297 евра, a ако се шириме нагоре до 90% под 495 евра, тешко дека ќе најдеме повеќе од 300 жители, или 30% од вкупната публика која плати карти од по педесетина евра за настанот на кој некои и сакаа и мораа да бидат видени. Ама ако зачестат тие настани ќе дојдеме до обратнопропорционално вртење на кривата, и по јадниот глушец ќе трчаат многу гладни мачки (главно оние надпартиските кои менуваат влади и не ги менуваат чорапите, а глушецот им се поднаместува, бидејќи се работи за величини без кои дефинитивно ќе пропадне македонската култура).

Устата пена ми фати да објаснам дека проблемите нема да завршат кога ќе биде готов објектот, туку ќе почнат. Јас не знам кој ќе ги плати сите нови трошоци, од вработувањата до одржувањето. Петте споменати објекти сами по себе го влечат Министерството во бездна, дури и да бидат комплетно затворени со по некој чувар, а камоли ако работат.

Е ама објектите и посебно Филхармонијата ќе се користеле и за други намени и ќе се издавале. Молам?! Прво, за која функција се направени? Второ, за што ќе се издаваат, големата сала за што? За да биде комерцијална треба да има минимум неколку илјади седишта, и тоа од друг многу поевтин формат. И да не одам понатаму да ве давам со економска анализа, дај боже да сум грешка (јас лебот го вадам од продуцирање кадри за тие објекти). И многу ме интересира колку постоечките останати четири објекти, заработиле во изминативе години.

Многу поголема енигма ми е судбината на бившиот кираџиски објект на Филхармонијата (барем во новиот нема да има носталгија, зашто многу му е сличен). Постојано не ми беше јасно како не можеше да се реновира и одржува еден објект кој течеше при најмал дожд и имаше уште една цела низа проблеми, а се прави друг. Ама логиката како дисциплина веќе одамна е исфрлена од нашите научни институции, а да не зборуваме натаму. На срце ме боли пропаѓањето на еден прекрасен армиски културен објект во Битола, кој за мене имаше посебна симболика уште од детството и во кој проведов многу часови. Ај барем сега како да има некоја иницијатива, ама додека не видам, не верувам. А за овој скопскиов, од никого немам чуено што ќе се прави со онаа голема сала во која на ѕидовите гордо се вееја (беа исцртани) македонските и југословенските знамиња.

И така циркуларно пак се враќам на музиката. Веќе пишував дека сè уште не е јасно дека културната политика почнува и завршува со неа. Таа нечујно ги исполнува музичките желби по кои со години ќе си ја чукаме главата што нè снашло. А еве веќе е откажан почетокот на незапочнатата концертна сезона.  

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

Посакувани ергени

Не дека на докторските деца треба вратите да им бидат затворени, но правилото на умрежување и размена (јас твоето дете - ти моето ) добива гротескни размери.

Македонската социјалдемократија како островче во Европа

Од 28-те членки, социјалдемократите моментно се владејачка партија само во пет земји ите на периферијата на Унијата: Малта, Португалија, Шведска, Романија и Словачка. Недостигот многумина го гледаат и во отсуството на харизматични лидери.

Не е до Заев, другар(к)и!

Ако разочарувањата продолжат да се продлабочуваат, постои сериозна опасност експресно да бидат ушмукани во опоцизионен отпор кој во услови на нестабилна коалиција може да подразбере и организран отпор, но овој пат под раководство на мафија.

Маќеа

Ако успее „финтата“ со БПЦ, на тој што ја смислил таа операција треба јавно да му се честита. Но, ако не успее овој обид за „бајпасирање“ на СПЦ, македонската црква ќе се соочи со уште поголема недоверба во очите на сестринските цркви.

НАЈЧИТАНИ